ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Среба на раководството на ЗЕЛС со три министри од Владата на Република Македонија
19 август 2011
  Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, денес на 18 август, 2011 година, во просториите на Град Скопје, во 12 часот, организира средба на раководството на ЗЕЛС со три министри од Владата на Република Македонија. На средбата ќе присуствуваат претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и двајцата потпретседатели на ЗЕЛС , Изет Меџити и Зоран Дамјановски,како и извршниот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ, а од страната на Владата на Р.М. ќе бидат присутни министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

На средбата ќе се разговара за актуелни состојби во локалната власт, каде особен акцент ќе биде ставен на недостатокот на средства во образованието, пред се како резултат на новата генерација на средно задолжително образование и обврската за надоместување на патните трошоци на учениците, но исто така ќе се дискутира и за активностите на локалните власти околу спроведувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за градежно земјиште. На средбата ќе стане збор и за други важни прашања од остварување на надлежностите на локалните власти и реализацијата на процесот на децентрализацијата во нашата земја.

Во 12 часот , во канвцеларијата на Градоначалникот на Град Скопје, новинарите ќе добијат изјави во врска со овој настан.

Контак лице , Весна Арсовска-Динковска, советник за односи со јавност во ЗЕЛС, на 02/3099033 , моб. 070 364 859 или Vesna.arsovska@zels.org.mk.

Со почит,

18 август, 2011 година

Заедница на единиците на локалната

самоуправа на Р. Македонија-ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.