ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Оддржана седмата седница на УО на ЗЕЛС
2 март 2010

    Седмата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС се одджа на 1 март, 2009 година во просториите на ЗЕЛС, на која на почетокот присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, заедно со претставници од Државниот завод за ревизија и од Министерството за финансии, со цел да се продискутира за заклучоците на Владата ,дадени по извештајот за ДЗР, во делот наменет за локалните власти. Министерот Џафери нагласи дека локалните власти треба да вложат дополнителни напори за надминување на утврдените состојби во општините, поврзани со Законот за внатрешна финансиска контрола, при што посочи дека министерството и Владата се секогаш отворени за соработка и помош. Од страна на членовите на УО беше укажано дека општините се соочуваат со непостоење на адекватен стручен кадар на пазарот на трудот и слабата финансиска моќ на општините, по што беше заклучено дека е потребно доизградување на капацитетите на општините во областа на финансиското работење и внатрешната ревизија, организирање на тематски работилници за детална обработка на прашања од областа на финансиското работење. сто така се побара ДЗР да им излезе во пресрет на барањата на општините за спроведување на ревизија, а беше побарано и да се формира Комисија за надминување на финансиската нестабилност на општините, која ќе утврди препораки за оние општини каде се воочени најголеми проблеми, но и на оние општини кои немаат услови за премин во втората фаза од фискалната децентрализација. Како точка на дневен ред беше поставена и актуелната состојба со евентуални поплави во РМ, за што присуствуваа и директорите на ЦУК и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Беше договорено ЗЕЛС да ги повика општините да обезбедат 20 луѓе за кои ДЗС ќе изврши обука и ќе обезбеди нивна опременост, а исто така беше потенцирана потребата од изработка на планови за превентивно делување и спречување и проценка на степеност на загрозеност што општините ќе што може да го направат во соработка со подрачните единици на ЦУК и на ДЗС. На седницата присуствуваа и претставници од организациониот одбор на проектот ,,Ден на дрвото“, кои добија поддршка за иницијативата мартовското засадување на садници да добие и забавен карактер, каде ќе бидат вклучени и претставници од пограничните општини од соседните држави, како и да се организираат разни форми на натпревари на училиштата на оваа тема, со цел продлабочена едукација на децата за значењето на шумите. Подршка доби и предлогот за организирање на манифестација за промоција на општините по региони, што би се одвивала на плоштадот Македонија ,во Скопје, за време на осум последователни викенди, започнувајќи од месец април. Во однос на барањето на општина Гостивар поврзано со измените во методологијата за распределбата на средствата од ДДВ, каде руралните општини добија зголемен долен праг, ЗЕЛС беше задолжен да испрати документација за исносите на средства кои биле предмет на распределбата од минатата и оваа година, за да може секоја општина споредбено да утврди дали формулата за распределба е соодветно применета и детално да ги разгледа пристигнатите угестии. Беше дискутирано дека ова прашање е поврзано и со обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, при што беше потегнато и прашањето за распределувањето за средствата од рамномерен регионален развој. Беше потенцирана потребата да се создадат законски услови постапката за оценка на проектите да се врши на ниво на телата и органите на регионите, кои самостојно ќе го утврдат својот приоритет, како и регионот самостојно да располага со средствата, кои согласно законот ќе му бидат распределени. Членовите на УО беа запознаени и со постапката за формирање на Комитетот на советите, како самостоен орган при ЗЕЛС. Исто така, беше разгледана информацијата дека советите на 84 општини во РМ донесоа одлика за потврдување на статусот членка на ЗЕЛС, а се говореше и за актуелните прописи со кои се врши дополнително ускратување на изворни приходи на Општините, за што ЗЕЛС бара да се укине надоместокот за општините за користење на услугите на Агенцијата за катастар при барање за издавање на нумерички податоци. Во однос на точката за разговорите со Владата и Ад-Хок Комисијата ЗЕЛС-ЕВН Македонија, беа посочени и нови моменти, меѓу кои дека во постапките кон индивидуални корисници, каде ЕВН го утужува само своето сопствено побарување, а не и износот на комунална такса, за општините што се оштетени, истото да се прошири.
 Детално да се разгледа договорот за продажба на ЕСМ и доколку има основ да се побара половина од старите долгови да ги надомести РМ, како и да се инсистира ЕВН Македонија да се откаже од каматите, а соодветно да се регулираат и побарувањата на ЕЛЕМ. Членовите на УО дадоа подршка на предлозите за давање согласност од надлежен орган за задолжување на овие општини кај банки заради нивно раздолжување. Исто така беше заклучено ЗЕЛС да испрати препорака до општините, да отворат посебни жиро сметки на кои Републичкиот совет за превенција во сообраќајот ќе им префрла пари заради надомест и планирање на надоместоци. Во однос на иницијативата за донесување на законот за измени и дополнување на Законот за судски такси , УО се изјасни позитивно, за што ќе се покрене и иницијатива до надлежното министерство. Управниот одбор даде целосна поддршка на активностите поврзани со основањето на институцијата, ЗЕЛС ТРЕНИНГ ЦЕНТАР, при што беше изнесено УО да ги повика сите поддржувачи на ЗЕЛС да дадат свој придонес во нејзиното воспоставување и развој. Членовите на УО се запознаа и со иницијативата од Македонско кредитно биро, сите општини бесплатно да се зачленат, со што ќе се овозможи општината и јавните претпријатија да бидат заштитени од субјектите кои и должат по основ на надоместоци , согласно законот истите да не можат да се задолжуваат кај банки и други субјекти доколку претходно не се раздолжат кон општината или ЈП. МКБ нуди техничка помош околу формирањето на базите на податоци, а од општините се бара само писмена согласност .



назад


Преземени вести
Претседателот Иванов во Брисел на средби со Баросо и Филе
(09.09.2010)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година мора да поминат 30 дена практична работа во приватна компанија или јавна институција.
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.
 
Шест луѓе загинаа во шумските пожари во Казахстан
(09.09.2010)
Во шумските пожари што го зафатија северниот дел на Казахсатн загинаа шест луѓе. Огнот се прошири и во соседна Русија.
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum).
 
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
(09.09.2010)
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
 
МВР Билтен
(09.09.2010)
 
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
(09.09.2010)
 
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
(09.09.2010)
 
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
Честитка од претседателот Иванов до муслимансктие верници по повод Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
Честитка од претседателот на Собранието по повод еврејскиот празник Рош Хашана
(09.09.2010)
 
„Гардијан“: Србија сепак попушти пред притисокот на ЕУ и на САД за резолуцијата за косовската независност
(09.09.2010)
 
Продолжува штрајкот на вработените во грчката железница и градскиот транспорт
(09.09.2010)
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
 
Реџепи: Очекуваме дијалог меѓу две независни држави
(09.09.2010)
 
Судот во Белград одби Ратко Младиќ да го прогласи за мртов
(09.09.2010)
 
До Генералното Собрание на ОН поднесена редефинираната српска резолуција за Косово
(09.09.2010)
 
Генерал Билер: Северот на Косово и понатаму останува најголемиот предизвик за КФОР
(09.09.2010)
 
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
(09.09.2010)
 
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
(09.09.2010)
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
 
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
(09.09.2010)
 
Силен земјотрес регистриран во Чиле
(09.09.2010)
 
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.