ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО РАМКИТЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ЗЕЛС
24 април 2012

По повод одбележување на Јубилејот -40 години постоење на ЗЕЛС, на 24 април ( вторник) , 2012 година, со почеток во 12,00 часот, во спортско -рекреативниот центар, СРЦ ,,Борис Трајковски “ ќе се одржи ревијален фудбалски натпревар .

Екипите ќе бидат составени од претставници од локалната власт- градоначалници, претставници од централната власт – од Владата на РМ и од Собрание на РМ и новинарски екипи .

Поддршка на ревијалниот фудбалски натпревар дадоа ЕВН –Македонија, кој обезбеди спортска опрема за 4 –те екипи, ТИНЕКС- кој обезбедува сендвичи и пијалок за натпреварувачите и Спортско радио кој ја обезбедува техничката поддршка за организирање на фудбалскиот турнир.

Први ќе се натпреваруваат екипите на градоначалници со претставници од Парламентот на РМ., со почеток во 12,30 часот.

Присутните ќе ги поздрави Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, и градоначалник на Град Скопје.

Ќе ни претставува задоволство доколку Вашиот медиум го најави и проследите овој настан. Исто така ја покануваме целата Ваша редакција заеднички да го проследиме овој турнир и да учествуваме во првиот дел од прославата на 40-тиот роденден на ЗЕЛС.

(Во прилог Ви ја доставуваме и екипата на ГРАДОНАЧЛАНИЦИ

Лице за контакт: Весна Арсовска- Динковска , советник за односи со јавност во ЗЕЛС, 02/3099033 и 070/364 859

Со почит ЗЕЛС

ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.