Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претседателството за Мрежата на ТППЕ при ЗЕЛС дискутираше за актуелни состојби во пожарникарството
19 октомври 2020
 

 

Претседателството на Мрежата на територијални противпожарни единици (ТППЕ), на 16 октомври, 2020 година, во просториите на ЗЕЛС одржа состанок на кој беше разгледувана актуелната состојба со блок дотациите за пожарникарите, потоа барањето што до ЗЕЛС го достави Министерството за одбрана, како и Програмата за стручно усовршување на пожарникарите, подготвена од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) .

Присутните беа информирани дека на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 10 март, 2020 година, според заклучокот под точка 23, Министерството за одбрана е задолжено да се изјасни во која насока ќе се движи со покачувањето на наменската дотација кон општините. Ова министерство се обрати до ЗЕЛС за мислење по овој документ. Присутните беа информирани дека овие активности се во согласност со интензивните барања на ЗЕЛС, за разрешување и подобрување на состојбата противпожарните единици во рамки на општините.. Всушност, во претходниот период ЗЕЛС испрати писмо до Министерството за одбрана и до Владата на РСМ во кое се бара МО да изготви Уредба за пресметка на плати и од следната година, и во 2021 година да се почне со исплата на наменски дотации кои одговараат на реалниот број на вработени во Противпожарните единици. Исто така беше побарано, во согласност со Законот за пожарникарство да се обезбеди соодветен број на пожарникари што се утврдува според број на жители и таа операција да се одвива наредната година.

Присутните заклучија дека е потребно да се донесе и Правилник, или Уредба, за пресметка на плати, според кој општините ќе ја утврдуваат висината на платите на секој пожарникар. Беше побарано во него да се регулираат и условите за новите вработувања, но и пензионирањето на пожарникарите. Претседателот на Мрежата на ТППЕ при ЗЕЛС, Владимир Симоновски, говореше за сите предизвици со кои се соочуваат противпожарните служби, како во делот на кадровските решенија, така и во делот на материјалните недостатоци за функционално спроведување на оваа надлежност .

Присутните дискутираа и за обуките на нови пожарникари и дописот испратен од Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС и нивната програма за стручно усовршување на пожарникарите. Дилеми беа отворени во делот на стручно оспособување на пожарникари, односно што се подразбира конкретно под тоа, кои се стручните компетенции на пожарникарите и дали ова е регулирано со член 11, став 14 од Законот за пожарникари. Беше заклучено дека треба да се почитува законската одредба за стручното оспособување на пожарникарите, а не да се регулира со Програма.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.