ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Советување за прилагодување на општинските предлог - буџети со законските измени во делот на планирањето на приходите
6 декември 2018
 

Во просториите на ЗЕЛС, на 04 декември, 2018 година беше одржано советување за претставниците од секторите и одделенијата за финансирање и буџет од општините. Преполната сала во ЗЕЛС, во двата утврдени термина, покажа на огромната заинтересираност на локалните власти за поводот поради кој ЗЕЛС го организираше ова советување. Станува збор за прилагодувањата што општините треба да ги направат при изработката на предлог буџетите на општините, односно нивно усогласување со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и донесувањето на Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки-корисници, основани од единиците на локалната самоуправа, за финансирање на доспеани а неплатени обврски.


По тој повод ЗЕЛС повика претставници од Министерството за финансии кои пред присутните ги изнесоа сите аспекти на донесување на овие закони, а пред се говореа за начинот на нивното имплементирање во општинскиот буџет. Најголемата вознемиреност кај претставниците од локалната власт се однесуваше на две полиња. Првото, дека со законските измени се создава своевидно ограничување на општинските буџети, а со тоа и ограничување на вршењето на работата и надлежностите на единиците на локалната самоуправа, неможност за креирање на политики за развој, како и можност за нивна евентуална финансиска нестабилност. Втората забелешка се однесуваше на многу краткиот рок за прилагодување на предлог - буџетот, кој во овој период веќе треба да бидат изнесени на гласање пред Советот на општината.

Присутните добија одредени одговори на бројните поставени прашања за тоа како да постапуваат при прилагодувањето, а за дел од одговорите претставниците од Министерството за финансии информираа дека ќе ги достават во најкраток рок, по извршувањето на одредени консултации во Министерството.

Локалните власти, генерално не беа задоволни од одговорите кои ги добија и се на ставот дека ќе се соочат со бројни предизвици при реализацијата за буџетот за 2019 година, односно дека нема да постои никаква можност за развојната компонента.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.