Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Со методолошки пристап до поуспешна интеграција на родовите перспективи во локалните политики и буџет
29 декември 2020
 

    На онлајн работилницата што се одржа на 29.12.2020 година во организација на ЗЕЛС пред општинските координаторки беше презентирана Методологијата за интегрирање на родовите перспективи на општината во локалните политики и буџет. Овој документ беше изработен по претходно утврдена потреба во рамките на проектот “Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021), поддржан од UN Women, Скопје. Документот изработен со експертска поддршка на Марија Ристеска претставува еден вид на практичен водич за општините за креирање на локални политики. На онлајн работилницата Марија зборуваше за циклусот за креирање на политики што се состои од неколку фази и тоа: дефинирање на проблемот и утврдување на приоритетите, креирање на листа на алтернативи и формулирање на опции, избор на решение или практична политика, дизајнирање на јавна политика, имплементација и мониторинг на јавната политика и евалуација. Овој циклус, како што потенцира треба да се следи и вградува при креирањето на локалните политики, конкретно за родово одговорни политики и буџет, со што ќе се придонесе до успешни и одговорни општини. Следејќи го циклусот за креирање на политики, преку интерактивен пристап се отворија прашањата за каква е состојбата со родовата еднаквост во општината, во однос на родово разделени податоци, со какви потреби се соочуваат, дали е направена анализа, што е потребно да се има во општината за да се утврдат сите овие потреби. При тоа се нагласи дека е потребно не само да има човечки капацитет за квалитетна родова анализа, туку и политичка волја за да може да се интегрираат родовите перспективи со локалните проблеми и политики. 
    Методологијата треба да им помогне на општините во подобрување на процесот на креирање на политики, како што нагласи претставничката од ЗЕЛС, но претходно ќе биде доставена до сите координатор(k)и за евентуални предлози за дополнувања и измени и откако ќе се финализира ќе биде и испечатена, а електронска верзија ќе биде поставена на електронската платформа. Присутни координаторки се согласија дека ова е значаен документ и вредна поддршка при изработката на општинските политики и буџет, како и можност за поголема вклученост од останатите колеги при креирањето на локалните политики.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.