ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за финансирање при ЗЕЛС усвои повеќе предлог- уредби за блок дотации, за 2019 година
5 јули 2018
 

Комисијата за финансирање при ЗЕЛС на 4 јули, 2018 година во просториите на ЗЕЛС ја одржа втората седница на која беа разгледани повеќе предлог уредби за блок дотациите за локалните власти, за 2019 година. Присутните истакнаа дека не се направени никаква промена на критериумите во однос на минатите години и дека немаат забелешки на досега користената методологија, но посочија дека е потребно зголемување на вкупниот износ на средствата од блок дотациите и тоа по сите области. Особено беше потенцирана состојбата во образованието, каде речиси сите општини кои имаат надлежности за средно, но и за основно образование, во изминатиот период генерираа долгови при спроведувањето на оваа надлежност, особено во делот за превоз на учениците.

Потоа членовите на Комисијата ги усвоија: Предлог – Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации од областа на културата во 2019 година; Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2019 година; Предлог – Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование по општини и Градот Скопје за 2019 година; Предлог – Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за деца – детски градинки по општини за 2019 година и Предлог –Уредбата за распределба на блок дотации за домови за стари лица за 2019 година.

Претседателот на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, посочи дека е потребно да започнат средби со централната власт, каде ќе се презентираат неодамна усвоените „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ а пред се, ставовите кои се однесуваат на заложбите за обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините. По завршувањето на оваа седница на Комисијата за финансирање, беше закажана 32 седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините со која заседава градоначалникот, Аце Коцевски, и во која има пет претставници од ЗЕЛС и по еден претставник од министерствата: за локална самоуправа, за финансии, за образование и наука и за труд и социјална политика.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.