Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС, Државниот совет за превенција на детско престапништво и Сојузот на ротари клубовите во земјава потпишаа Меморандум за соработка
8 јуни 2020
 

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, во име на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, на 08 јуни, 2020 година потпиша Меморандум за соработка со претставниците на: Државниот совет за превенција на детско престапништво и на Сојузот на ротари клубовите во Република Северна Македонија. Со тоа беше потврдена заедничката заложба и интересот за развој и унапредување на системот за правда за децата, со посебен акцент врз превенција на детското престапништво и беше изразена подготвеност за координирана соработка и заеднички придонес на работењето на општинските совети за превенција на детско престапништво и на Државниот совет за превенција.

Во Меморандумот е утврден и делокругот на соработка на овие три институции, а кој освен поддршка на активностите на Државниот совет за превенција, вклучува и поддршка за имплементација на стратешки документи и акциони планови за превенција за детско престапништво; поддршка за развивање на можности за осовременување на процесот на деинституционализација преку опремување на училници и работилници, набавка на нагледни средства и технички помагала во установи за сместување на деца со решение на центарот за социјални работи или судот. Исто така, се предвидува и поддршка за развивање на воспитно образовни проекти на локално ниво; потоа вклучување на локалната власт во процесот на обезбедување на културно забавен живот на децата во локалните заедници, организирање на слободното време за децата без родителска грижа, деца од маргинализирани и посебно ранливи групи како и низа други активности.

Според Законот за правда на децата (член 158 и член 159) советите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје именуваат општински совети и Совет на градот Скопје за превенција на детско престапништво. Во Законот е утврдено дека членови на општинскиoт совет се претставници на подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, претставници на советот на родители во основните и средните училишта, Унијата на средношколци, Адвокатската комора на Република Северна Македонија, здруженија и фондации, јавниот обвинител кој работи во областа на детската деликвенција и судијата за деца од судовите од општа надлежност или судија кој ќе го определи претседателот на судот. Бројот на членовите во ова советодавно тело се утврдува во зависност од големината, развиеноста и потребите на општината или Градот, како и во зависност од обемот на детското престапништво во единициата на локална самоуправа. Општинските совети донесуваат годишни програми за својата работа што ја усвојуваат советите на општините и Советот на градот Скопје, деловник за својата работа, вршат работи за следење на состојбите, покренуваат иницијативи за нивното подобрување и развиваат програми за вклучување на локалната заедница во превенција на детското престапништво и третманот на деца сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци. За својата работа општинските совети најмалку еднаш годишно го известуваат советот на општината, односно градот Скопје, како и Државниот совет за превенција на детско престапништво. Програмата на општинските совети од ставот (1) на овој член се финансира врз основа на финансиски план од буџетот на општината, односно градот Скопје и од други средства.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.