Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Со заедничка соработка меѓу централната и локалната власт се прават напори за безбедно започнување на новата школска година од 1 октомври
4 септември 2020
 

„Зголемување на блок дотацијата за образование за 30% : обезбедување на флексибилност во изборот на моделот што ќе го користи секое училиште во согласност со општината и утврдување на законски олеснети процедури за спроведување на постапките за итно и неодложно ангажирање на наставниот и на техничкиот кадар во училиштата, се главните ставовите што претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, во името на сите единици на локална власт ги изнесе во Клубот на пратеници во Скопје, на координативниот состанок што се одржа на 04 септември, 2020 година меѓу градоначалниците и министерската за образование и наука, Мила Царовска. Целта на овој состанок, што го организираше МОН, со поддршка на ЗЕЛС, беше да се утврдат и да се разрешат сите предизвици со кои се соочуваат локалните власти при обезбедувањето на техничките услови за успешно стартување на новата учебна година, на 01 октомври, 2020 година, во улови на пандемија со вирусот КОВИД -19.



Поделени во две групи, во согласност со протоколите за јавни собири во услови на пандемија, градоначалниците упатија одредени конкретни прашања до министерската Царовска и ја претставија реалната слика со која се соочуваат општините при извршувањето на оваа надлежност. Генерално, најголемиот предизвик со кој се соочуваат општините е недостатокот на финансиски средства за реализација на низата мерки и протоколи што треба да се запазат за да се реализира безбедна настава, со оглед што пандемијата предизвика сериозен ,,економски,, удар и на локалната власт. Се слеваат помалку финансиски средства во општините од ДДВ; општината собира помалку средства од локалните такси, особено заради поддршката што во континуитет му ја дава на стопанствениците; од месец април се намалени средствата од блок дотациите за образование; во изминатиот период од пандемијата општините трошат дополнителни финансии за обезбедување на средства за дезинфекција за јавни објекти и површини и слично. Исто така, беше укажано дека локалните власти се соочуваат со краток временски период за спроведување на ребаланс на буџетот, како и за спроведување на постапките за јавни набавки за дезинфекциони средства, превоз на децата, интернет услуги, набавка на ИТ опрема и слично. Беше нагласена и состојбата со наставниот кадар што користи владини мерки или има некое заболување; со недостатокот на технички кадар за одржување на хигиенски услови во училиштата; и за потребата од зголемен број на редари во училиштата . Обезбедување на бесплатен превозот на учениците , исто така ќе предизвика дополнително трошење на средства заради намалениот број на ученици што ќе се возат во еден автобус, а двосменското работење ќе доведе до трошење на повеќе електрична енергија или други ресурси за затоплување на училниците. Во однос на одржувањето на онлајн настава, беше посочено дека и во рамките на една општина не може да се обезбеди квалитетен и безбеден интернет, потоа дека постојната ИТ опрема во многу училишта треба да се обнови но, и да се дополни; дека на голем број деца од социјалните категории треба да им се обезбедат компјутери за да можат за следат настава; дека дел од наставниот кадар не најдобро се снаоѓа со користењето на ИТ технологијата за што им се потребни дополнителни обуки, но и дека е потребно физичко присуство на најмалку едно ИТ лице,кое ќе им помага на наставниците за непречено одвивање на онлајн наставата. Некои од градоначалниците укажаа и на мерките за користење на училишните кујни, но и на потребата за континуирано присуство на здравствени работници кои би вршеле еден вид инспекторирање или поддршка на наставниот и техничкиот кадар во спроведувањето на протоколите за заштита на здравјето на децата.

Министерката Мила Царовска изрази голем оптимизам дека во овој период од неполни триесетина дена, со заеднички напори меѓу централната и локалната власт ќе се обезбедат сите потребни предуслови, учениците да започнат со настава на утврдениот датум. Поточно, таа нагласи дека ова ќе претставува одлична можност за сите учесници во овој процес да дадат се од себе и да обезбедат наставата да се реализира на потребното ниво, во услови кои пред се ќе го штитат здравјето на децата и на наставниците. Во таа насока, присутните беа информирани за мерките што ги презема МОН, во чии рамки е донесената Националната платформа за учење од далечина; протоколите за постапување на основните училишта за реализација на наставата со физичко присуство на учениците, алгоритамот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми,на КОВИД -19; подготвувањето на онлајн платформата за спроведување на настава од далечина; започнатите обуки на дел од наставниците за користење на оваа платформа и слично. Во согласност и со едно од барањата на ЗЕЛС за обезбедување на поголема флексибилност на општините во изборот на спроведувањето на наставата, беше посочено дека, најдоцна до 10 септември, 2020 година, општините кои имаат услови за спроведување на настава со физичко присуство, освен за децата од 1 до 3 одделение, треба да поднесат барање до МОН. Потоа МОН, по добиено мислење од Комисијата за заразни болести, до средината на септември ќе ја информира општината дали барањето е одобрено или одбиено. Министерката рече дека во континуитет ќе се следи дали има промени во условите за безбедно одвивање на настават и во таа насока, вакви одобрувања може да се одземат или пак да се одобрат и во следниот период. Таа најави дека некои од локалните власти ќе бидат дополнително контактирани, со цел во периодот на една недела пред официјалниот старт на учебната година, во нивните училишта да се изврши тестирање за спроведувањето на наставата со физичко присуство и онлајн наставата. Во однос на барањето на ЗЕЛС за зголемување на блок дотациите за образование, министерската Царовска посочи дека секогаш се потребни дополнителни финансиски средства за квалитетно спроведување на целиот процесот на образование, а особено при спроведување на настава во кризни услови и дека за тоа е информирана и Владата на РСМ и Министерството за финансии. Таа не беше многу оптимистична за исполнување на ова барање на општините во овој период, но посочи дека доколку се успее и во вакви вонредни услови да се реализираат доволно добро наставните програми и доколку следи позитивна валидација на целокупниот процес, ќе се се отвори голем простор за натамошно,, притискање“ за обезбедување на повеќе средства за спроведување на оваа надлежност од општините.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.