Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Загрозена финансиската стабилност на општините
8 октомври 2020
 

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините на 6 октомври, 2020 година во просториите на ЗЕЛС ја одржа тресет и осмата седницата, на која се отвори расправа за оценка на актуелните финансиски предизвици со кои се соочуваат општините, а особено за оние што произлегоа од кризата со вирусот КОВИД -19. На почетокот на седницата беа нагласени законските обврски на ова тело. Освен разгледувањето на критериумите и следењето на примената на распределбата на средствата за дотации, членовите на Комисијата имаат право но, и обврска да даваат препораки и да предлагаат мерки до централната власт, за подобрување на системот за финансирање на општините. Во таа насока, претседателот на Комисијата, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ги потсети присутните за постигнатиот степен на реализацијата на минатогодишните преговори со централната власт за унапредување на системот на локалната самоуправа. Тој потсети дека, еден од трите столба, (покрај пакетот на децентрализирани надлежности и реформите во организацијата на локалната самоуправа) е - продлабочувањето на фискалната децентрализација.

На седницата беше повикан и финансискиот експерт, Борче Треневски, ангажиран од УНДП за спроведување на анализи и извештаи за општините во рамките на Министерството за финансии. Тој изнесе низа податоци за движењето на приходите и расходите во општините во првиот и вториот квартал од оваа година, особено нагласувајќи го влијанието што го предизвикале состојбите со вирусот Ковид-19. Беше посочено дека во сите општини се забележува значителен пад на собраните средства од сопствените приходи, особено од данокот на имот. Во однос на расходите, позитивно е што општините покажале висок степен на прилагодување на ситуацијата со КОВИД и вршени се соодветни ребаланси на општинските буџетите. Во вакви ситуации, утврден е раст на фискалната зависност, поврзано со трансферите од централната власт. Исто така, беше посочено дека општините не добија речиси никаква поддршка за справување со кризата, односно дека во сите четири сета на државни мерки за справување со кризата, само една единствена мерка е насочена кон општините. Станува збор за мерка од четвртиот сет, каде е утврдено дека распределбата на средствата на општините, како до сега, нема да се базира на собраните средства од претходната година, туку на просекот од претходните три години. Дополнителните трошоци за општините за преземање на превентивни мерки за сузбивање на вирусот и носењето на државни мерки за поддршка на населението и на стопанството, беа на товар на локалната власт и доведоа до исцрпување на и онака малите финансиски капацитети на општините. Беше истакнато дека кризата ги детектира сите ранливи точки поврзани со фискалната децентрализација, пред се високата зависност на локалната власт од средства од блок или други дотации од државата. Беше констатирано дека сето тоа укажува на неопходноста за јакнење на финансиската самостојност на општините.

Градоначалниците, членови на оваа Комисија изнесоа повеќе конкретни примери што одат во насока на финансиското исцрпување на општините, меѓу кои; преземање на низа мерки за дезинфекција на јавни површини; поддршка на локалното население за справување со кризата, особено на социјалните случаи и ранливите категории; вложување во опрема и соодветни услуги за непречено одвивање на образовниот процес во училиштата; откажување од одредени такси и комуналии што се влеваат во општинската каса од стопанските субјекти, во согласност со владините мерките за поддршка на стопанството во услови на криза; намалени приходи од комуналии за градба, а од друга страна тешкотии во справувањето со дивоградбите поради недоволниот број, или немањето на градежни инспектори во општините. Исто така, беа изнесени и низа состојби со кои општините се соочуваат во континуитет подолг временски период (независно и од кризните услови), а кои исто така, го обременуваат нивниот фискален капацитет. Беше посочено преземањето на голем број капитални инвестирања, особено во училиштата, и покрај тоа што тоа не претставува обврска на локалната власт. Потоа, воведувањето на низа бенефиции од страна на државата, за поддршка на стопанството и на лицата со посебни потреби ( заштитни работилници) повторно на штета на приходите на локалната власт, особено поради високата злоупотреба на истите. Бенефициите што централната власт ги воведе за привлекување и инвеститори, паднаа на ,,товар,, на локалната власт (намалени комуналии, ниска цена на продажба на градежно неизградено земјиште, обезбедување на комунална инфраструктура во економските зони, но и за реони во кои е извршена легализација на објектите по едно евро). Беше истакната и недоволната финансиска моќ за да можат општините да се задолжуваат за реализација на капитални проекти со средства од европските фондови. Во Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој дури и нема ставка за помош на проектите, што ги реализираат општините. Многу општини се соочуваат и со исплаќање на големи суми пари, по пристигнати судски налози од пресуди во полза на тужбите од пожарникарите, како и исплаќање на заостанати долгови од период пред започнување на имплементацијата на локалната власт и друго.

Присутните информираа дека заврши расправата за ребалансот на Буџетот на државата и дека започнува креирањето на новиот Буџетот за следната година, што е добар момент да се изврши навремено укажување за финансиските состојби и потреби на општините. Беше посочено дека барањата на ЗЕЛС за одржување на квартални средби на раководството на ЗЕЛС со клучните министерства од каде се трансферираат средства, не се почитуваат. Не се одржуваат ниту навремени буџетски преговори за креирањето на Буџетот за следната година. Присутните информираа дека се подготвува нов Закон за буџети, каде повторно се задржува висока ,,зависност,, на локалната власт од средства од државата, а во делот на вработувањата и понатаму се предвидува тие да одат под контрола, односно со дадена согласност од централната власт.

Во таа насока, на седницата беа изнесени и низа мерки и препораки кои генерално кореспондираа со утврдените ставови на ЗЕЛС во делот за подобрување на финансиската состојба на локалната власт, а кои ќе придонесат за поголема фискална децентрализација и стабилност на општините. Беше посочено дека е неопходно зголемување на процентот од зафаќањето до ДДВ на најмалку 10 %, особено што, како резултат на КОВИД кризата, се очекува општините следната година да добијат значително помалку средства по овој основ. Потоа зголемување на зафаќањето од персоналниот данок на најмалку 50%; водење на буџетски преговори на локалната со централната власт; промени на Законот за даноците на имот; воведување на систем за воедначување ; доделување на средства за капитални дотации; зголемување на блок дотациите и друго. Беше договорено, дополнително да се разгледаат и допрецизираат сите предлози за подобрување на системот за финансирање на општините и по нивното усвојување од страна на членовите на Комисијата, да се испратат до Владата на Република Северна Македонија.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.