Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Советниците активни во натамошното спроведување на проектот “Зајакнување на општинските совети“
17 јуни 2020
 

 

Пандемијата со корона вирусот и преземените мерки во услови на криза во нашата земја создаде одредени предизвици кои се рефлектираа и во работењето на локалната власт. Донесените мерки за заштита во услови на криза, меѓу кои : забрана за организирање на настани во поголеми групи, одржување на социјална дистанца, самоизолација на дел од граѓаните и друго, предизвикаа промени и во начинот на работењето на општинската администрација и на Советот на општината. Како и во целиот свет и кај нас беа побарани алтернативни начини за спроведување на дел од активностите, особено за одржување на состаноци, средби, седници, работилници, при што масовно се прифати користењето на on line алатките и електронските платформи за комуникација. Тоа го сторија и голем број на општини, онаму каде тоа може да се реализира со користење на ИТ технологијата. Во таа насока и тимот на проектот “Зајакнување на општинските совети“ што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а каде ЗЕЛС е еден од партнерите на проектот, продолжи со реализација на активностите. Па така, во периодот април- јуни, 2020 година, преку ZOOM платформата беа одржани on line средби и работилници со општинските советници од трите тематски работни групи: за родова еднаквост; за финансирање и буџет, како и за урбанизам, на теми кои беа непосредно поврзани со промените кои произлегоа од корона кризата. Партнери во проектот што се спроведува со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој(СДЦ) се и Здружението на финансиски работници, UN Women, Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии. Проектот е продолжен до октомври 2021 година, односно во следните 18 месеци, почнувајќи од мај 2020 година.

Улогата на локалната власт во насока на поддршка за справување со случаите на семејно насилство за време на пандемија

Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за улогата на општината во процесот на справување со случаите на семејно насилство за време на пандемија, беше темата на средбата што во рамките на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ се одржа на 22 април, 2020 година за членовите на тематската работна група за родова еднаквост. На средбата учествуваа и претседатели/ките на совети на 24-те партнерски општини и претседатели/ките на Комисии за еднакви можности од овие општини. Средбата беше организирана од УНДП и ЗЕЛС, со користење на онлајн алатката за комуницирање- ZOOM, а во соработка со UN Women и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Од оваа средба произлегоа повеќе заклучоци, меѓу кои : 1. Проектот „Зајакнување на општинските совети“ да обезбеди адекватно споделување на информации до општините за начините на пријавување семејно насилство, а потоа локалните власти да ги пласираат преку своите веб портали и социјалните мрежи, за да стигнат што побрзо до најранливите категории граѓани; 2. Да се подобри координацијата и соработка меѓу сите значајни фактори за поуспешно справување со родово базирано насилство на локално ниво; 3. Да се зајакнат административните капацитети на општините кои би спроведувале кампањи како и други активности кои се покажале како добри практики а, се поврзани со пријавувањето или поддршката на потенцијалните жртви; Да се реализираат обуки на соодветни кадри од општината за процедури и активности кои треба да се преземат за справување со семејно и родово базирано насилство.

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Јована Тренчевска ги информираше присутните дека постојат 18 државни сервиси кои моментно се достапни за жртвите на насилство и семејно насилство, кои се отворени од страна на МТСП. Во овој период, многу потенцијални жртви на родово базирано насилство се принудени да бидат „затворени“ заедно со насилниците, додека истовремено е намалена достапноста на услугите за поддршка на жртвите. Таа посочи дека ќе се реализира кампања за поттикнување за што поголемо пријавување на семејното насилство во услови на вонредна состојба на COVID-19, бидејќи за жал бројот на пријави во моментот не бележи раст, но дека постојат наводи за зголемување на бројката на кривични пријави како и бројката на поплаки поврзани со семејно насилство. Таа информираше дека општините ќе добијат памфлети и видео снимки кои треба соодветно да ги пласираат за да можат жртвите но и населението да се информираат каде да се обратат за помош, за поддршка, советување и заштита. Беше изнесено дека зголемување на стапката на семејно насилство бележи пораст во многу земји во светот, меѓу кои:за 30% во Франција и Кипар, за 32% во Сингапур, а пораст е забележан и во Канада, Германија, Шпанија, САД и Велика Британија. Во дискусијата посебно внимание беше посветено на предизвиците што може да ги предизвика ваквата состојба кај девојчињата и кај жените, за што беше заклучено дека е потребно да се преземат системски и законски промени.

Претставничката од УНДП сподели неколку добри искуства применливи на локално ниво: превентивни мерки за информирање; зголемување на капацитетите на центрите за згрижување на жртвите (адаптирање и пренамена на хотелите), изнаоѓање начини и места за полесно пријавување насилство (во аптеки и супермаркети), обезбедување онлајн психо- социјална и правна поддршка, разни кампањи за подигнување на свеста за овој проблем и слично. Од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство беше потенцирана потребата за зголемување на активностите од оваа област во руралните средини, каде пристапот до информации и во редовни околности е низок. Претставничката од оваа организација информираше дека поднеле барање до Владата на РСМ за преземање на итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство, од кои дел се однесуваат и на локалната власт.

Претседателките на општинските совети посочија на пораст на бројот на информативни кампањи за спречување на семејното насилство на локално ниво, што се реализираат во соработка со невладините организации и искажаа подготвеност за лично вклучување во превенцијата на ваквите состојби. Беше изнесена и потребата за поголема соработка на комисиите за родова еднаквост од општините во работата на Центрите за социјални работи, на Министерство за внатрешни работи како и кај невладиниот сектор, за што е потребна и дополнителна едукација во насока на поефикасно спроведување на соработката и на мерките.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.