ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
27 јуни 2017

 

Meсеците мај и јуни беа прилично турбулентни во однос на конечното утврдување на мандатите на градоначалниците и советниците, а со тоа во прашање беше доведено и непреченото функционирање на локалните власти.

Дефинитивно на 1 јуни, 2017 година, Собранието на Република Македонија ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик на Република Македонија, кои стапија во сила истиот ден со објавувањето во Службен весник, број 67. Беше утврдено изборите, за членови на совет и за градоначалник, наместо да се одржуваат во првата половина на мај, да се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина на октомври. Мандатот на членовите на советите и на градоначалниците од изборите одржани на 24 март, 2013 година да трае до изборот на нови членови на советите и градоначалниците. Со тоа беше утврдена и законска разрешница на состојбите што настана поради политичката состојба во земјава и необјавувањето на изборите во претходно утврдениот законски рок, од страна на претседателот на Парламентот.

На прес конференцијата на 9 мај, 2017 година, претседателството на ЗЕЛС ја изнесе загриженоста од неизвесноста во однос на времетраењето на мандатите на градоначалниците и на општинските советници во услови кога не се распишани локалните избори во законски предвидениот рок, при што укажа дека нема да може да ги извршува своите функции, со оглед на фактот што нити Советот ќе носи одлуки, нити градоначалникот ќе има право истите да ги спроведува, или да одлучува за права и обврски кои му се утврдени како надлежност со посебни закони. Притоа, беа посочени само неколкуте клучни надлежности, иако со посебните закони се уредени повеќе изречни надлежности на општината и градоначалникот; односно, нема да се издаваат градежни дозволи. Градежното земјиште, со кое управува локалната самоуправа, веќе нема да се отуѓува или дава под закуп. Во прашање ќе се доведе функционирањето на општинските јавни установи и тоа: културните, образовните институции на локално ниво, противпожарната служба, како и музеите, театрите, домовите на култура, спортските објекти, зоолошките градини и слично.

На 12 мај, 2017 година, Управниот одбор упати апел и до Собранието и до политичките партии да не се дозволи правен вакуум во извршувањето на надлежностите на локалните власти, а на 15 мај, 2017 година, на нова седница УО констатира дека градоначалниците по 15 мај нема да потпишуваат никакви акти, при што беа поканети директорите на Централен регистар и Агенцијата за вработување, за да помогнат во објаснување на законската регулатива и последиците, во услови на ненавремено распишување на локалните избори.

Во овој број на Гласилото на ЗЕЛС ќе прочитате и за другите активности на ЗЕЛС, реализирани во овој период, како и за активностите на повеќе локални власти, кои може да послужат како добри практики за останатите општини во земјава.



Прилог: Zels_Maj_Juni_2017_MK_ENG_ZA NAJFINALNO ODOBRUVANJE.pdf
назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.