Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЈАВЕН ПОВИК За единиците на локална самоуправа за учество во регионалната програма
20 мај 2019
 

Националното БФЦ ЈИЕ сертификациско тело, претставувано преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа– ЗЕЛС и Сојузот на стопанските комори-ССК

ОБЈАВУВААТ

ЈАВЕН ПОВИК

За единиците на локална самоуправа за учество во регионалната програма

Сертификација на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа

- BFC SEE -

Програмата Сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа / Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора. Програмата е наменета за општини кои имаат соодветен капацитет и стратешки се определени да ја подобрат деловната клима, да привлечат инвестиции и да го стимулираат локалниот економски развој.

Јавниот повик е отворен од денот на објавување до 21.06.2019 година (петок) за сите единици на локалната самоуправа во државата. Приоритет во процесот на сертификациија за поволно деловно опкружување ќе се врши според ред на пријавување на општините, со оглед на тоа што процесот е во времетраење до најмногу една година.

Општините кои ќе се вклучат во Програмата ќе добијат регионален ранг на конкурентност за оценување на квалитет на услуги што ги нудат на инвеститорите и стопанствениците, конкретни насоки за унапредување на деловната работа, овозможување полесни услови, активна промоција како и можност да учествуваат на регионална размена за најдобри практики.

Цена за вклучување во процесот за БФЦ ЈИЕ сертификација изнесува 7.000,00 ЕУР (+18% ДДВ) за урбани општини и 5.000,00 ЕУР (+18% ДДВ) за рурални општини во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на денот на уплата.

Цена за вклучување во процесот за БФЦ ЈИЕ ресертификација изнесува 5.000,00 ЕУР (+18% ДДВ) за урбани општини и 3.000,00 ЕУР (+18% ДДВ) за рурални општини во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на денот на уплата.

Дополнителни информации за програмата БФЦ ЈИЕ, можете да добиете на: www.bfc-see.org/How_to_apply . Со пополнување на Прашалникот на следниот линк: http://bfc-see.org/test-your-business-friendliness ќе добиете Извештај за Вашиот резултат во поглед на исполнување на критериумите на БФЦ ЈИЕ стандардот во моментот на аплицирање на Програмата за сертификација.

Критериуми за избор.doc
Податоци за ЛС.doc
Пријава.pdf
Упатство за кандидати.doc



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.