Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС ги зајакнува активностите за родово еднакви општини
23 август 2019
 

ЗЕЛС во континуитет обезбедува поддршка на единиците на локалната самоуправа за спроведување на законските обврски што општините ги имаат во делот на родовото одговорно буџетирање и за реализација на активностите за обезбедување на родово одговорна локална власт. Во таа насока, ЗЕЛС од месец август, своите активности ќе ги зајакне и со започнувањето на реализацијата на Проектот „Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“, што со поддршка на UN Women ќе се спроведува до втората половина на 2021 година. Основната цел на проектот е општините да имплементираат напредни политики за родова еднаквост на локално ниво. Предвидени се низа активности кои треба да придонесат до поголема промоција и подигање на свеста за градење и имплементација на овие политики како и обезбедување на поголема и поквалитетна примена на родовото одговорно буџетирање од страна на локалната власт.

Во Проектот е утврдено да се продолжи со активности за натамошно јакнење на општинските капацитети, пред се надградување на знаењата на координаторите за еднакви можности на жените и мажите и на членовите на комисиите за еднакви можности на жените и мажите во општините. Она што во овој проект е особено нагласено, а произлегува од претходно стекнатите искуства на ЗЕЛС во оваа област, е потребата за што пошироко сензибилизирање на целокупната општинска администрација за тоа што претставува родово одговорно буџетирање, обврските на општината и јакнење на свеста на граѓаните за градење на квалитетни политики за родова еднаквост на локално ниво. Токму затоа, во овој проект предвидено е и јакнење на капацитетите на претставниците од општинската администрација, од секторите или одделенијата за финансии и планирање на буџет, како и на лицата за односи со јавноста (ПР). Целта е да се влијае за доследна примена на обврските за општините кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; да се развиваат стратегиски документи за родова еднаквост; полесно да се препознаат специфичните потреби на жените и на мажите на локално ниво; да се унапреди партиципативниот принцип при планирањето на општинскиот буџет и следствено на тоа и да се лоцираат финансии во истиот, согласно претходно утврдените потреби на граѓаните. За полесно запознавање на граѓаните со овие активности, како и за потребата од развивање на свеста на граѓаните за родовата еднаквост за нивно поактивно вклучување при креирањето на овие политики, во проектот се вклучени и лицата за односи со јавноста од локалната власт.

ЗЕЛС во проектот предвидува и унапредување на електронската платформа за родово одговорно буџетирање www.rob.zels.org.mk . Оваа платформа ја креираше стручната служба на ЗЕЛС, односно „ЗЕЛС единицата за поддршка на електронските услуги за општините и истата“ (ЗЕПЕ). Се предвидува надградување на платформата со нови алатки и техники за родово разделени податоци во општината, како и развивање на унифицирани алатки за промоција на општинските активности за родова еднаквост преку општинските канали за информирање. Електронската платформа за родово одговорно буџетирање www.rob.zels.org.mk се стреми да стане регионална алатка за промоција на општините во оваа област.

Една од главните стратегиски цели на ЗЕЛС е лобирањето за интересите на локалните власти. Во таа насока, дел од проектните активности се насочени кон лобирање и застапување на интересите на општините пред централни власти за адекватни политики за силни родово одговорни општини. Работната група за родова еднаквост на ЗЕЛС, која е составена од координатори за еднакви можности на жените и мажите од општините ќе биде повеќе инволвирана во активности од овој проект кои се однесуваат на градење на нови алатки и методологии за родова еднаквост и РОБ. Се предвидува формирање и на Лоби група, од избрани локални претставници, кои на политичко ново ќе ги застапуваат ставовите на општините пред релевантните институции.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.