ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Српска делегација заинтересирана за искуствата од воведувањето на електронските системи во областа на урбанизмот и градежништво го посети ЗЕЛС
30 јануари 2018
 

 

Деветнаесет члена делегација составена од претставници од Министерството за градежништво на Република Србија и од Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) беше во тридневна студиска посета на нашата земја. Целта на посетата е запознавање со искуствата на Република Македонија во имплементирањето и функционирањето на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk со кој управува Министерството за транспорт и врски а, го користат единиците на локална власт и други релевантни институции во земјата. Српската делегација студиската посета ја започна со средбата што се одржа во ЗЕЛС, на 29 јануари, 2018 година, каде беше пречекана од извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, од заменик-извршната директорка, Ардита Дема Мехмети, од раководителот на одделението за нормативно- правни работи, материјално -финансиски и административни работи, Виктор Арнаудоски и советникот за информатичка технологија од ЗЕЛС единицата за поддршка на „ е-општини“ (ЗЕПЕ).

ЗЕЛС има повеќегодишна активна соработка со НАЛЕД, во спроведувањето на регионалниот проект за сертификација на локалните власти за пријателски бизнис ориентирани општини во Југоисточна Европа ( БФЦ СЕЕ), но исто така во 2015 година обезбеди големата поддршка на Република Србија при воведувањето на електронски систем за издавање на дозволи за градба, како што е воведен и во нашата земја. Всушност, ЗЕЛС имаше значајна улога во овој процес на имплементација преку обезбедување на континуирана стручна поддршка околу воспоставувањето на законската основа, но и воспоставувањето на обуките за корисниците на електронскиот систем кај северниот сосед. Ваква поддршка ЗЕЛС минатата година обезбеди и за Република Албанија, која исто така по примерот на нашата земја, воведе електронски систем за издавање на дозвола за градба. Нашата земја е лидер во регионот, во однос на примената на електронските системи во областа на градежништвото и на урбанизмот, кои обезбедуваат забрзување на постапката, транспарентност на целиот процес, намалување на можности за коруптивни зафати, заштеда на материјални добра, но и на административен капацитет.

Пред присутните беше нагласено дека ЗЕЛС посветува големо внимание на воспоставувањето и на поддршката на своите членки, единиците на локалната самоуправа, за користење на електронските услуги. Во таа насока и една од трите стратегиски цели на ЗЕЛС е посветена токму на оваа област, за што, пред повеќе години, беше формирана и „ЗЕЛС единицата за поддршка на електронските услуги (ЗЕПЕ)“.Задачата на ЗЕПЕ е во името на сите општини да го врши одржувањето, како и обезбедувањето на непреченото користење на информациските системи, за кои ЗЕЛС е задолжен. ЗЕЛС досега воспостави и одржува повеќе електронски системи за реализирање на услуги од страна на општините, меѓу кои позначајни се електронската платформа за градежно земјиште www.gradezno-zemjiste.mk, со кој сите постапки утврдени со Законот за градежно земјиште, од 1 август 2016 година се спроведуваат исклучиво по електронски пат и платформата за електронско издавање на одобрение за градба www.gradezna-dozvola.mk. Присутните беа запознаени со искуствата на ЗЕЛС во врска со спроведувањето на електронските постапки во кои општината се поврзува не само со заинтересираните странки, туку и со сите потребни релевантни институции во земјата, Претставниците од правната служба на ЗЕЛС и од ЗЕПЕ секојдневно се во контакт со релевантните служби од општините и им ја обезбедуваат потребната поддршка за користење на системот и непречено спроведување на постапката по електронски пат.

Пред присутните беа посочени четирите клучни закони : Закон за градежно земјиште, Закон за градење, Закон за просторно и урбанистичко планирање, Закон за Катастар на недвижностите, врз основа на кои се утврдени софтверските решенија за спроведување на законските постапки во оваа област. Од особена важност е Закон за градежно земјиште, со кој, од 1 август, 2016 година, сите постапки предвидени во него, се спроведуваат исклучиво по електронски пат. Во согласност и со измените во Законот за нотаријат и измените во Законот за градежно земјиште, целата постапка од поднесувањето на барање па до впишување на правото на сопственост во Катастарот, вклучувајќи ја и солемнизацијата кај нотарот може да се одвива по електронски пат. Присутните беа запознаени и со активното учество на ЗЕЛС во подготовката на информацискиот систем: www.gradezno-zemjiste.mk, кој е поставен на досегашната платформа и на истата страница, но е значително надграден, преку кој се врши продажба на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија. Во земјата има 44 општини кои се стекнаа со оваа надлежност, а ЗЕЛС и тука имаше важна улога во креирањето на процесот, обезбедувањето на услови и поддршката на заинтересираните општини за стекнување со надлежноста.

Српската делегација посети и други релевантни институции во земјата, како Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за катастар на недвижност а беше остварена и средба со Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на која беше поканета и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.