Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
13 јуни 2019
 

 

ЗЕЛС им ја честита победата на градоначалниците: Хекуран Дука, на Општина Дебар; Никола Андонов, на Општина Ново Село и Константин Георгиески, на Општина Охрид и им посакува успешна соработка со ЗЕЛС. Тие се тројцата нови градоначалници кои ја добија довербата од граѓаните на предвремените локални избори, што во овие општини се одржаа во периодот април/мај, 2019 година..

Хроничниот недостаток на финансиски средства на локалните власти за спроведување на нивните надлежности беше потврден уште еднаш и на третата седница на Комисијата за финансирање, при ЗЕЛС. На состанокот беа презентирани наодите од анализите на финансиската одржливост на општините; инвестиции во општините; администрирање на даноците; блок дотации и друго, што ги презентираше експерт од Светска банка. Повеќе извештаи за финансирањето на локалната власт беа презентирани и на 33-та седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, што се одржа во просториите на ЗЕЛС. И овие податоци говорат за намалување на нивото на учество во однос на БДП од вкупните приходи на локалната самоуправа. Во ЗЕЛС се одржа и средба со претставници од Народна банка на РСМ на која беа изнесени предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната власт при присилната наплата на паричните побарувања од физички лица.

Управниот одбор на ЗЕЛС, на деветтата седница, особено внимание им посвети на состојбите со противпожарните единици, но и на предизвиците на општините со АД „ЕВН“. На седницата беше прифатен и Предлог-проектот за енергетска ефикасност во областа на јавното осветлување.

Комисијата за урбанизам и просторно планирање при ЗЕЛС, во проширен состав го разгледуваше Предлог – законот за просторно и урбанистичко планирање, за што беа изнесени повеќе предлози и забелешки. Состанок одржа и Комисијата за локален економски развој при ЗЕЛС, која констатира неопходност од менување на законите и правилниците од областа на угостителската и туристичката дејност.

Во изминатиов период ЗЕЛС имаше и други бројни активности, обуки и средби, а беше објавен и повик за пријавување на кандидати за следење на обука и полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за градежно земјиште. Исто така, ЗЕЛС објави и повик за пријавување на општините за стекнување со регионалниот сертификат за поволно деловно опкружување (БФЦ СЕЕ). Беа избрани и општините кои аплицираа на повикот за новиот проект за одржлива урбана мобилност, што го реализира ЗЕЛС во соработка со ГИЗ. Поопширно за овие, но и за други настани ќе прочитате во овој број на Гласилото на ЗЕЛС.


Прилог:Glasilo 19 April-Maj.pdf



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.