Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Генералното собрание на ЗЕЛС ќе ја одржи четвртата седница во Струга
21 јуни 2019
 

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, на 23 јуни, 2019 година (недела), во хотелот „Изгрев“, во Струга, со почеток во 12.00 часот, ќе ја одржи четвртата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Градоначалниците како и претставниците на општинските совети кои се делегати на ова највисоко тело на ЗЕЛС ќе дискутираат за актуелните предизвици на локалната власт и ќе ги апсолвираат позначајните активности што биле преземени во претходниот период. На седницата ќе бидат изнесени и одредени предлози и иницијативи за следните правци на дејствување на децентрализацијата во земјата. Пред делегатите ќе се обрати и претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, а ќе бидат разгледани и одредени измени и дополнувања на Статутот на ЗЕЛС, како и Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година.

Локалните власти, во своите дефинирани ставови што ги изнесуваат пред централната власт, цврсто стојат на барањето за поголема финансиска стабилност на општините и на градот Скопје, при што се залагаат и за нов бран во стратегискиот развој на процесот на децентрализацијата во земјата.

Генералното Собрание на ЗЕЛС го сочинуваат сите градоначалници на единиците на локалната самоуправа, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Членови на ова тело се и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС, каде има по еден претставник од општинските совети од секој од осумте плански региони и еден претставник од Советот на Град Скопје. Генералното собрание на ЗЕЛС има вкупно 90 делегати.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.