ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потпишан Договор за надградба и користење на информацискиот систем „ е-одобрение за градење“ меѓу ЗЕЛС и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија
15 јуни 2017

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 14 јуни, 2017 година во административната зграда на ЗЕЛС потпишаа Договор за надградба и користење на информацискиот систем „ е-одобрение за градење“ со кој управува ЗЕЛС. Двете страни го склучуваат овој договор во рамките на изразените намери за соработка врз основа на веќе склучениот Меморандум за соработка во месец март оваа година, а со цел воспоставување на база на податоци на овластени архитекти и овластени инженери со кои ќе управува Комората во рамките на овој информациски систем.

Врз основа на Договорот Комората самостојно, на сопствен трошок, ќе развие софтверски модул интегриран со системот„ е-одобрение за градење“, преку кој ќе можат да се спроведат постапките на евидентирање на овластените архитекти и овластените инженери на електронски начин, а ЗЕЛС по приемот и интеграцијата на софтверскиот модул во информацискиот систем, истиот ќе го овозможи на користење на Комората. За исполнувањето на обврските на корисниците на информацискиот систем од аспект на заштитата на личните податоци се грижи Комората и тоа за сите лица за кои побарала пристап во системот. Во името на ЗЕЛС, Договорот го потпиша Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС а во името на Комората, документот го потпиша нејзиниот претседател проф.д-р Миле Димитровски.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.