Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе „on line“ издание на Гласилото на ЗЕЛС
7 април 2020
 

 

Гласилото на ЗЕЛС за периодот јануари/март го подготвивме само во „on line“ верзија. Состојбите со вирусот COVID 19 во нашата земја се главната причина зошто се одлучивме овој број на весникот да не го печатиме и дистрибуираме, а сепак да ве информираме за активностите реализирани во првиот квартал од годината. Во овој период беше дефиниран и ставен во функција Планот за обуки за 2020 година, наменет за општинската администрација и локалните функционери. Тој се подготвуваше во консултација со општините, за што беше свикана и работилница во ЗЕЛС на која беа поканети претседателите на професионалните мрежи во ЗЕЛС и претставници од одделенијата за човечки ресурси од општините.

ЗЕЛС во своите простории организираше и информативна средба за заинтересираните општини на која беа запознаени со сите програмските и техничките прашања поврзани со учество на меѓународниот саем „Дубаи Експо 2020/21 “ што ќе се одржи од 20 октомври, 2020 до 10 април, 2021 година. Повторно, поради ситуацијата со вирусот COVID19, на светско ниво, на почетокот на месец март стигна информација од Координативното тело на Владата на РСМ дека поаѓањето на бесплатниот контејнер за транспорт на материјалите од нашата земја до Дубаи, засега е одложено за крајот на мај.

Во месец февруари ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски (МТВ) отворија нов циклус на обуки за стекнување со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно а, беше реализирано и полагање на испитот. Ова е од особена важност бидејќи од 1 мај, оваа година, во согласност со измените на Законот за градежно земјиште, сите единиците на локалната самоуправа се должни да ја преземат оваа надлежност.

За општинските координатори за еднакви можности помеѓу жените и мажите ЗЕЛС организираше работилница за квалитетно подготвување на извештај за напредокот на родовата еднаквост во општината, што во согласност со законските обврски треба да биде доставен најдоцна до 31 март, во тековната година. Во овој период, ЗЕЛС одржа и координативен состанок со претставници од меѓународните организации во нашата земја кои работат на унапредување на родовата еднаквост на локално ниво, во насока на заедничко креирање на активности од оваа област и заради одбегнување на преклопување на истите.


Прилог: Гласило



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.