ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Граѓаните - фокус на урбаното мобилно планирање
20 јули 2018
 

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на 16 јули, 2018 година беше одржана бесплатна еднодневна работилница за запознавање на процесите и придобивките на изработка на планови за оддржлива урбана мобилност (SUMP). Општините покажаа голем интерес за оваа тема, но ја проследија претставниците од 16 општини кои први се пријавија на повикот на ЗЕЛС. Од секоја општина имаше по двајца претставници од бараните области: урбанизам ,сообраќај, енергетика и заштита на животната средина.

Работилницата е дел од регионалниот проект на Германската агенција за поддршка и развој –ГИЗ –„ Одржлива урбана мобилност во Југоисточна Европа“-( Sustainable urban mobility)“ што започна минатата година и се однесува на имплементација на планови за урбана подвижност во локалните самоуправи. Во него се вклучени сите асоцијации на локални власти од овие земји и нивните главни градови, меѓу кои е и ЗЕЛС, а целта е унапредување на сообраќајот, намалување на загадувањето и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На почетокот на обуката присутните ги поздрави извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ која изрази задоволство од досегашната успешна соработка со ГИЗ. Таа истакна дека ЗЕЛС и општините во Македонија се секогаш заинтересирани за имплементирање на проекти кои придонесуваат за заштита на животната средина и содржат мерки за енергетска ефикасност а потврда беше и големата заинтересираност на општините за проследување на оваа работилницата. За целите на проект гвореше менаџерката на проектот, Дубравка, Бошњак од ГИЗ ОРФ ЕЕ. Таа посочи дека процентот на населението во урбаните средини генерално станува се поголем, па со тоа и предизвиците во сообраќајот и загадувањето се зголемуваат и се важна тема на дискусија во многу европски организации. Една од целите во Европскиот договор на градоначалниците ( EU Covenant od Mayors) се однесува токму на потребата од градење на капацитетите на локалните власти за управување со енергијата. Во таа насока се и мерките за зголемување на удобноста на живеење, воведување нови приоритети во транспортот на граѓаните и намалувањето на загадувањето. Воведувањето на планови за оддржлива урбана мобилност е во согласност со насоките,стратегиите и акциските планови на ЕУ уште од 2009 година и дека нивна имплементација досега има во многу европски градови. Беше посочено дека во рамките на овој проект, се размислува да се обезбедат дополнителни обуки, како и консултантски услуги за општините кои би биле заинтересирани да изработат вакви планови.

За предностите на ваквото планирање ,придобивките што тоа ги дава за граѓаните и самиот процес на планирање говореше експертот од Словенија Алјаж Плевник. Тој изнесе и многу практични примери, меѓу кои беа и искуствата од воведувањето на ваков план за Љубљана, но и од други европски градови. Беа посочени разликите меѓу традиционалното, досегашно планирање и одржливото мобилно планирање. Ако кај традиционалното главната цел е проток и брзина на сообраќајот, фокусот е ставен на автомобилите и на задоволување на потребите во сообраќајот, кај мобилното планирање главна цел е достапност и квалитет на живеењето, фокусот е ставен на граѓанинот и на управување со побарувачката во сообраќајот. Односно, како што беше цитирано –„ ако планирате град за автомобили и сообраќај ,таков ќе добиете, а ако го планирате за луѓе и простор за луѓето, таков и ќе направите “. Со ваквото планирање се нагласува потребата од поголем простор за граѓаните, зеленилото, подобрување на јавниот превоз и на условите за користење на велосипеди, воспоставување на забранети зони за сообраќај, потоа користење на катни паркиралишта и друго. Беше посочено дека во Љубљана драстично се зголемува употребата на велосипедот како превозно средство како резултат на претходно соодветното планирање за обезбедување на адекватни услови за тоа . Беше посочен комплексниот пристап и координацијата на различните урбани чинители при ова планирање за изнаоѓање на најсоодветни мерки за поедноставно решавање на урбаните предизвици. Беше даден пример за решавање на големиот сообраќаен метеж во една индустриска зона во Словенија, каде предизвикот бил решен со воведување на различно работно време за фабриките во рамките на зоната, а не со проширување на улиците. Но за ваквиот пристап на SUM планирање од големо значење е поддршката па дури и иницијативата од граѓаните, од државните институции, градоначалниците и општинските совети

На работилницата претставниците од помалите општини генерално ја изнесоа потребата од поддршка за изработка на планови, а беше упатен и предлог за обезбедување на конкретна консултантска и финансиска поддршка за изработка на вакви SUM планови за неколку урбани средини , односно градови.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.