ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градоначалникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски избран за претседател на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС
21 јуни 2018
 

 

Во просориите на ЗЕЛС, на 20 јуни 2018 беше одржана првата седница на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС. Согласно дневниот ред, првата точка се однесуваше на избор на претседател на Комисијата за финасирање при ЗЕЛС. Членовите едногласно го изгласаа за претседател на Комисијата Градоначалникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски. Тој се заблагодари на членовите на укажаната доверба и вети дека ќе се заложи оваа Комисија да понуди сериозни решенија за подобрување на финансиската состојба на сите ЕЛС. Инаку, тој е истовремено и Претседател на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, формирана во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и таа има вкупно девет члена, од кои пет се претставници на ЗЕЛС додека останатите четири члена се претставници од надлежните министерства.. Управниот одбор на ЗЕЛС, на третата седница, одржана на 26 декември, минатата година за членови на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС ги избра: Аце Коцевски, градоначалник на општина Велес, Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден, Сашо Поцков, градоначалник на општина Гевгелија, Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај и Николче Илијев, градоначалник на општина Кочани.

Претседателот на Комисијата за финасирање при ЗЕЛС, г-дин Аце Коцевски, пред присутните членови ги претстави дел од веќе усвоените Систематизирани ставови од страна на Управниот одбор на ЗЕЛС, а кои се однесуваат на финансирање на општините и кои во иднина треба да претставуваат сериозна водилка во преговорите со централната власт. Тој ги издвои како посебно важни следните барања: значително зголемување на приходите на ЕЛС со етапно зголемување на дотациите за финансирање на надлежностите на ЕЛС од ДДВ на 10% и на приходите за ЕЛС од персонален данок на лични примања од плати на физички лица на 50% и 50% од данокот на добивка на фирмите регистрирани на територија на ЕЛС. Данокот од игри на среќа и автомати да биде приход на ЕЛС. Исто така стапката на Данокот на имот како најсигурен и најправичен локален данок етапно да се зголеми од 0,10 % - 0,20 % на 0,40 % - 0,50 %. Итно да се изнајде прифатливо, поволно и правично решение за деблокирање на блокираните сметки на ЕЛС и раздолжување на ЕЛС од старите долгови со обезбедување на меки заеми со ниски каматни стапки и рок на отплата од 20 години. Средствата што им се трансферираат на ЕЛС во вид на блок дотации и наменски дотации да се зголемат до висина што е неопходно потребна за ЕЛС да обезбедат успешно извршување на децентрализираните надлежности без при тоа да создаваат долгови како и други барања кои се составен дел од документот Систематизирани ставови усвоена на последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Членовите на комисијата ја разгледаа и Уредбата за методологијата за распределба на ДДВ и по истата предложија ДДВ-то да се распредели како во претходните години, но најитно е потребно да се направи детална анализа со изнаоѓање на поправедна формула за распределба преку вклучување и на други економски елементи (варијабли) како на пример каде се создава ДДВ-то, да се преиспита процентот на распределбата помеѓу градот Скопје и општините во градот Скопје и сл. Секако, останува актуелно барањето за зголемување на процентот на ДДВ за општините на најмалку 10%.

Веднаш после завршување на оваа седница, беше одржана и дваесет и првата седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините. На седницата беше усвоена Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данок на додадена вредност за 2019 година.

Инаку, оваа комисијата има обврска да ја следи примената на критериумите за распределба на дотациите; да предлага мерки за подобрување на системот на дотации, да дава препораки за надминување на констатираните недостатоци при распределба на дотациите; да ја следи транспарентноста на процедурите и нивната доследна реализација при распределба на средства од дотација. Исто така, Комисијата подготвува полугодишни и годишни извештаи за развојот на системот на финансирање на општините во кои утврдува предлози за подобрување на системот, го следи наменското користење на дотациите; дава претходна согласност на Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данок на додадена вредност и методологиите за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.