Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претставници од локалната власт со свои предлози учествуваа во креирањето на Предлог планот за обуки на ЗЕЛС за 2020 година
6 февруари 2020
 

 

Во Тренинг Центарот при ЗЕЛС на 5 февруари, 2020 беше организирана работилница за подготвување на годишниот План за обуки на ЗЕЛС. Во таа насока ЗЕЛС покани претставници од стручните мрежи на ЗЕЛС, (меѓу кои и претседателите на мрежите кои имаат назначено вакво лице, како и лица за човечки ресурси од некои општини) за да ги изнесат потребите за обуки на општинската администрација од соодветните области кои се во надлежност на локалната власт: финансии; управување со човечки ресурси; општински инспектори за образование; ПР лица; локален економски развој –ЛЕР; ИТ лица; комунални редари; урбанизам; енергетика и енергетска ефикасност; правници; заштита на животна средина; европски прашања и фондови; локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај; територијални противпожарни единици. На почетокот, присутните дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат за адекватно исполнување на законските обврски за континуирана надградба на капацитетите на општинската администрација, по што следеше формирање на работни групи по области, во кои беа изнесени низа конкретни предлози за обуки што ќе бидат внесени при изработката на новиот План за обуки на ЗЕЛС за оваа година.

Претставниците од општините посочија дека многу често се соочуваат со понуди на обуки од приватните компании кои не се адекватни за локалната власт и истовремено претставуваат голем финансиски товар за општината. Тие истакнаа дека и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) веќе низа години наназад до општините испраќа иста листа за избор на обуки за општинската администрација, каде наведените обуки се многу општини, се состојат само во предавања и не ги задоволуваат потребите на општинската администрација. Беше посочено дека она што им е најпотребно на претставниците на општинската администрација се специјализирани обуки, кои треба да се реализираат со интерактивност на учесниците и предавачите, дизајнирани за потребите на локалната а не на државната администрација и каде присутните истовремено ќе можат меѓусебно да разменат искуства од секојдневното работење, односно спроведување на законските одредби и процедури. Тие посочија дека многу често им се потребни и обуки за подготвување и изработка на соодветни документи, планови или спроведување на одредени процедури кои се специфични и карактеристични само за локалната власт. При тоа истакнаа дека испорака на такви обуки досега добиле најмногу од ЗЕЛС тренинг центарот, па беше предложено ЗЕЛС да се координира со МИОА да му укаже да ја прилагоди листата на понудени обуки според потребите на општинската администрација. Присутните го нагласија и предизвикот што го наметнува новиот Закон за инспекциски надзор, каде доколку општината не им обезбеди соодветна специјализирана обука на инспекторите од областа за која тие имаат лиценца, тие не би можеле да ги добијат потребните поени при годишното оценување и тоа не по своја вина. Обезбедувањето на вакви обуки истовремено, претставува дополнителен финансиски товар за општината, бидејќи најчесто ваквите обуки се скапи и ретки.



Во таа насока присутните беа информирани дека ЗЕЛС тренинг центарот воочувајќи ја ваквата потреба, веќе интензивно го разгледува концептот за испорачување на специјализирани обуки за локалните власти, за кои општините би требало да одвојат одреден финансиски надомест. Во секој случај тој надоместок би бил понизок од оној што се нуди од приватните центри за обуки, бидејќи ЗЕЛС би се ангажирал околу обезбедувањето на адекватни експерти и обуките би се одржувале во ЗЕЛС тренинг центарот. Исто така беше посочено дека многу општини своите вработени ги испраќаат на обуки за кои плаќаат значителна сума на средства, и покрај тоа што ЗЕЛС организирал бесплатни обуки од таа област. Оваа состојба беше дискутирана и од страна на Управниот одбор на ЗЕЛС од каде произлезе препораката за активно учество на општините во креирањето на Планот на обуки на ЗЕЛС и негово континуирано следење. Во таа насока претставниците од ЗЕЛС ги охрабрија присутните да ги изнесат сите обуки што им се потребни, со цел да се подготви соодветен План за обуки на ЗЕЛС за 2020 година, при што освен обезбедувањето на бесплатните обуки би се разгледале можностите и за платени специјализирани обуки.

Сето она што беше изнесено на оваа работилница и во работните групи, ќе биде структурирано во Предлог план за обуки за 2020 година, што во текот на следната недела ќе им биде испратен на разгледување до сите општини и до присутни претставници на оваа работилница.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.