Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба на локалните власти со претставници од Народна Банка за подобрување на ефикасноста за присилната наплата на парични побарувања од физички лица
17 април 2019
 

Во просториите на ЗЕЛС, на 16 април, 2019 година, претставници од неколку поголеми и помали општини, од секторите за финансии имаа средба со претставници од Народна банка. Целта на средбата беше да се изнесат предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната власт при присилната наплата на паричните побарувања од физички лица. За оваа потреба во рамките на Народна банка е формирана работна група составена од претставници од банките, извршителите, од централната и од локалната власт. Гостите од Народна банка истакнаа дека во изминатиот период имале средби со граѓански здруженија кои упатиле остри забелешки кон банките и кон извршителите за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните при блокирањето на нивните сметки и присилната наплата. Односно тие истакнале дека на граѓаните веднаш им се блокираат сите банкарски сметки, изложени се на високи банкарски провизии, а згора на тоа трошоците им се мултиплицираат и поради високата наплата на извршителите. И претставниците од локалната власт посочија дека банките им наплатуваат високи трошоци при проверката во која банка е трансакционата сметка на граѓанинот за кој е донесено решение за присилна наплата. Претставниците од локалната власт посочија дека се соочуваат и со постојани поплаки од граѓаните дека општините им ја блокираат сметката во банката која наплаќа поголема провизија за деблокирање и бараат општината да ја спроведува забраната преку банки кои наплаќаат помали суми. Исто така беше посочено дека општините плаќаат и за добивањето на податоци или за проверка на податоци од надлежните државни институции, што не е воопшто коректно, особено во случаи кога самата локална власт им ги полни нивните бази на податоци .

Беше заклучено дека е потребно да се пристапи кон измена на регулативата која ја регулира оваа проблематика со цел подобрување на ефикасноста на постапките за наплата на долговите, што поодамна е иницирано и од страна на ЗЕЛС. Присутните претставници од општините апелираа да им се обезбеди бесплатен пристап до сите бази на податоци, како што се тие од матична евиденција, за базите на податоци за граѓаните од социјална категорија за кои согласно закон се предвидени посебни услови во овие процеси на присилна наплата како и најважно точна евиденција на сите иматели на имот. Оставува предизвик за општините ажурирањето и прочистувањето на базите на податоци за даночните обврзници. Електронското поврзување меѓу надлежните институции кои ги имаат употребните податоци значително би помогнало во овој процес. На состанокот

На состанокот беше посочено дека ЗЕЛС е една од првите асоцијации кои за своите членки веќе поодамна имаат обезбедено електронски услуги: меѓу кои се оние во постапките за дозвола за градба, за градежно неизградено државно земјиште и за е-ствари, а пред неколку години ЗЕЛС достави и иницијатива до централната власт за воведување на електронски систем за даноците на имот.

Претставниците од Народна банка истакнаа дека се здобиле со многу релевантни информации и со интересни предлози, при што најавија дека и самите иницијативи за законските измени ќе одат во насока на усогласување со европската регулатива, потоа кон поголема застапеност на користењето на електронското банкарство, односно во правец на дигитална трансформација на платежните услуги, кои ќе придонесат и за обезбедување на пониски цени на услугите и подобрување на финансиската дисциплина. Сите овие заклучоци и предлози ќе бидат претставени пред работната група и понатаму ќе се пристапи кон превземање на конкретни краткорочни и среднорочни дејствија за подобрување на ефикасноста на присилната наплата.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.