Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Регионални вебинари за подобрување на социјалните услуги на локално ниво
26 ноември 2020
 

На 3 и на 10 декември, 2020 година, преку ZOOM електронската платформа ќе бидат организирани две регионални работилници (вебинари) наменети за претставници од општинската администрација на кои ќе се говори за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, каде фокусот ќе биде ставен на дневните центри и активностите за подигнување на свеста за ранливите групи. Работилниците ќе се водат на англиски јазик, со симултан превод на македонски јазик, на српски и на албански јазик.

Вебинарите претставуваат дел од активностите на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“ што го имплементира НАЛАС во соработка со ЗЕЛС и здруженијата на локалните власти од Западен Балкан, а со поддршка на регионалниот проект „Социјални права за ранливи групи“. Регионалниот проект го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ).

На првиот вебинар „Дневните центри како услуги за поддршка на семејството и услуги кои се базирани во заедницата“ домаќин ќе биде Заедницата на косовски општини (АКМ). Целта е да се зајакнат знаењата за:

· Основните принципи и клучните карактеристики на дневните услуги како алатка за обезбедување социјални услуги на ранливите групи;

· Улогата на локалните самоуправи во планирањето и обезбедувањето на дневни услуги;

· Позитивни примери на дневни центри од регионот.

Регистрирањето на заинтересираните за следење на овој вебинар, што ќе се одржи на 3 декември 2020 година (четврток), во 11:00 часот (СЕТ) е на следниот линк:

https://zoom.us/webinar/register/WN_ntzgEkpYQ3KFWviYFK1VXg. Регистрацијата треба да се направи најдоцна еден ден пред одржување на настанот.

Вториот вебинар за „Подигнување на свеста за човековите права, недискриминација и вклучување на локално ниво“, чиј домаќин ќе биде Постојаната конференција на градови и општини (STCM) ќе обезбеди можности за учење за:

· Зошто е неопходно локалните власти да преземаат активности за подигнување на свеста на ранливите групи во нивната заедница?

· Општиот концепт за планирање, развој и спроведување на активности за подигнување на свеста фокусирани на антидискриминација и социјална инклузија;

· Најдобра практика за подигнување на свеста за социјалните права на ранливите групи.

За следење на вториот вебинар што ќе се одржи на 10 декември, 2020 година (четврток), во 11:00 часот (СЕТ) регистрирањето на ZOOM платформата е на следниот линк : https://zoom.us/webinar/register/WN_AQQfw5rLRcuz_A1DE45EUQ . Регистрацијата треба да се направи најдоцна еден ден пред одржување на настанот.

Во прилог се и летоците за овој проект:

Леток 1  
                
Леток 2



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.