Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Вкупно 33 кандидати се стекнаа со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште
21 февруари 2020

 

ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски, во текот на месец февруари, за претставниците од локалната власт отвори нов циклус за стекнување со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште. Во согласност со измените на Законот за градежно земјиште, (објавени во Службен весник на РСМ“ број 275 од 27, декември 2019 година), од 1 мај, 2020 година сите единиците на локалната самоуправа се должни да ја преземат оваа надлежност. Тоа значи дека и преостанатите дваесетина општини треба да ги реализираат сите законски услови за да се стекнат со правото да управуваат со државното градежно земјиште, меѓу кои е и обврската да имаат соодветен број на лиценцирани вработени кои ќе ја водат постапката за отуѓување и давање под закуп на ова земјиште. Во текот на месец февруари, исто така, беше организирано и полагање на испитот за кандидатите кои во јуни минатата година ја проследија оваа обука, а можност да полагаат им беше дадена и на претставниците од локалната власт кои на претходната сесија не го положиле испитот.

Па така, на 17 февруари, 2020 година во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот беа одржани почетни обуки за претставници од единиците на локалната самоуправа, со статус на административен службеник од редот на раководни и стручни административни службеници. Комисијата за следење на овој процес на почетокот на месец февруари го објави огласот во два пишани медиуми на македонски јазик и во еден пишан медиум на албански јазик, Огласот беше објавен и на веб страницата на ЗЕЛС (www.zels.org.mk). На огласот се пријавија околу 60 кандидати од општините. За термините за следење на обуката, пријавените кандидати беа информирани од стручната служба на ЗЕЛС, по електронски пат. Кандидатите ќе бидат дополнително информирани на термините за полагање на теоретскиот и практичниот дел од испитот, поради предизвиците што произлегуваат од отежнатиот пристап за обезбедување на простор во Испитниот центар на Правниот факултет ,,Јустинијан Први“ при УКИМ.



На 11, 14 и на 19 февруари, 2020 година, во овој Испитен центар беше реализирано полагањето на испитот за кандидатите кои ја проследија обуката во јуни минатата година. Право на полагање имаа и кандидатите кои на претходната сесија не го положиле испитот. Полагањето се спроведува електронски и резултатите се објавуваат веднаш по полагањето. Во првите два термина беше спроведено полагање на теоретскиот дел од испитот, кога во временски период од еден час кандидатите одговараа на педесетина прашања кои се однесуваат на постојната законска регулатива од областа на урбанизмот, градежното земјиште, постапките за експропријација а, 15 % од прашањата се однесуваат и на користење на софтверската апликација www.gradezno-zemjiste.mk. Овој информациски систем го одржува, управува, користи и го надградува ЗЕЛС и истовремено им дава континуирана поддршка на општините при неговото користење. Преку www.gradezno-zemjiste.mk се спроведуваат сите постапки за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште, по пат на јавно надавање и по пат на непосредна спогодба, утврдени во Законот за градежно земјиште. По спроведувањето на практичниот дел од испитот (студија на случај) вкупно 33 кандидати од општините се стекнаа со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.