Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините ја одржа 33-тата седница во ЗЕЛС
20 мај 2019
 

 

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, на 16 мај, 2019 година ја одржа 33-та седница, во просториите на ЗЕЛС. Пред присутните градоначалници и другите членови на оваа Комисија, кои се претставници од надлежните министерства, беа презентирани повеќе извештаи за финансирањето на локалната власт, односно: Извештај за финансирањето на локалните власти во првата половина на 2018 година; Годишен извештај за развојот на системот за финансирање на општините за 2017 година и Компаративна анализа за финансирање на локалните власти во периодот 2013-2017 година. Овие извештаи се резултат на соработката на Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Во извештаите беа изнесени податоци за движењето на приходите во локалните власти по различни видови, ставки, класификации и по приход на глава по жител, како и расходите, а дадени се и селектирани компаративни анализи поврзани со прашањата на планирани и реализирани приходи и расходи по видови. Анализата е направена и од аспект на рурално/урбано уредување, при што посебно се третирани податоците за урбаните, за руралните општини и за Град Скопје и општините во Град Скопје.

Разгледувајќи ги состојбите од 2013-2017 година забележано е намалување на нивото на учество во однос на БДП од вкупните приходи на локалната самоуправа, кое изнесува 6,27 % во 2013 година, а во 2017 година изнесува 5%. Што покажува значително намалување од 1,27%во анализираниот период

Членовите на Комисијата од локалната власт посочија дека општините имаат хроничен недостаток на финансиски средства за да можат квалитетно да ги извршуваат доверените надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. За тоа е потребно преземање на активности во насока на обезбедување на поголема финансиска автономија на локалните власти, што е утврдено и во Систематизираните ставови на ЗЕЛС, во делот на Финансии. Неспорна е потребата за поголеми зафаќања во полза на општините од ДДВ, од персоналниот данок, од данокот на добивка и игри на среќа. Исто така беше истакната потребата за интегрирање на средствата за капиталните инвестиции наменети за локалната власт; понатаму потребно е посериозно јакнење на финансиските капацитети на локалната власт; обезбедување на финансиско воедначување; поголема фискална дисциплина и собирање на сопствените приходи; почитување на законските одредби за покренување на фискална нестабилност на општината; поголема соработка на локалните власти со надлежните институции од централната власт, особено во делот на креирањето на Буџетот и друго. Присутните посочија дека е потребна и поголема соработка со надлежните министерства, особено со МОН за спроведување на рационализација на училишните мрежи, онаму каде има такви можности, како и со Министерството за труд и социјална политика во делот на обезбедување на поголема покриеност со градинки.

Претставниците од Министерството за финансии апелираа општините навремено да ги пријавуваат обврските, во согласност со Законот за евиденција и пријавување на обврските, посочувајќи дека се зајакнати финансиските инспекции, а со тоа и можностите за изрекување на соодветни казни за локалните власти.

Претседателот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски посочи дека сите активности на ЗЕЛС треба да одат во насока на обезбедување на повеќе средства за локалните власти и поголема финансиска автономија, а во согласност со Европската повелба на локалната власт. Тој посочи дека во согласност со законски утврдените ингеренции, Комисијата треба да за заземе поцврст став во однос на натамошната реализација на заклучоците што членовите на ова тело ги донесуваат на овие седници. Поточно, сите предлози и забелешки задолжително да се доставуваат до сите соодветните органи и со голема сериозност да се следи процесот на нивното разгледување (прифаќање или отфрлање), со цел воспоставување на нови стратегии до нивна целосна реализација. Присутните ја изнесоа потребата за дополнително разгледување на презентираните извештаи, по што би се утврдил пакет на заклучоци кои ќе бидат доставени до сите релевантни тела и органи.

Дел од резултатите од Компаративната анализата за финансирање на локалните власти во периодот 2013-2017

Интересни за разгледување беа резултатите од четиригодишната анализа каде беше посочено дека износот на вкупно реализираните приходи во периодот 2013-2017 година бележи тренд на пораст. Вкупните приходи во 2017 година се повисоки за 10,47% споредено со 2013 година. Понатаму, дотациите претставуваат највисока ставка во приходите и се повисоки за 4.5 % во 2017 година споредено со 2013 година. Донациите бележат најголем пораст од сите ставки од 163.12% за периодот 2013-2017 година. Приходите од самофинансирачките активности бележат пораст од 4.50% за периодот 2013-2017 година, иако истите го имаат намалено своето учеството во структурата: од 3.11% во 2013, на 2.94% во 2017 година. Приходите од трансферите и донациите бележат раст од 15.48% во 2017 со износ, споредено со 2013 година. Приходите во руралните општини бележат раст од 12.72% во периодот 2013-2017. Во урбаните општини се забележува најмал пораст на приходите.

Даноците на специфични услуги континуирано заземаат најголем процент во структурата на даночните приходи и тоа 59.94% во 2017 година, додека даноците на имот се реализирани со остварено учество од 35,28% во 2017 година. Приходите од персонален данок на доход од добивка и од капитални добивки во текот на 2017 година изнесуваат 3.96%, додека приходот од такси на користење или дозволи за вршење на дејност 0.82% од вкупните даночни приходи.

Се забележува пораст на блок дотациите во целиот период 2013 - 2017 од 6.43%. во однос на структурата – зголемен е износот на блок дотациите во период 2013 - 2017 за култура за 8,1 % , намален е износот на блок дотациите во период 2013 - 2017 за домови за стари лица за 42.43%,. Зголемен е износот на блок дотациите во анализираниот период за основно образование за 5.52%,за средно образование за 4.24% и за детски градинки за 19.94%. Од надлежностите кои се финансираат со блок дотациите во општините, најголем дел - 60.26% се реализираат во основното образование, потоа следи средното образование со 28.54% и детските градинки со 9.29% учество во 2017 година, што е слично со учеството и во останатиот анализиран период.

Највисок процент на раст на расходите во периодот 2013 - 2017 година се забележува кај руралните општини со 14.13%. Расходите во урбаните општини бележат најмал раст од 7.52%. Во однос на структурата на општините во вкупните расходи, евидентни се промени во насока на: зголемување на учеството на рурални општини во вкупните расходи - во 2013 руралните општини учествувале со 13.52%, додека во 2017 година истите учествуваат со 14.12%. Урбаните општини бележат намалување на учеството во вкупните расходи - во 2013 урбаните општини учествувале со 51.22%, додека во 2017 година учествувале со 50.39%. Износот на расходи по глава на жител во 2017 година изнесува 15,040 денари, додека истиот во 2013 изнесувал 13,763 денари.

Во однос на расходи за плати и надоместоци во структурата на расходите посочено е дека во Македонија, после Косово и Молдавија е највисоки и истите изнесуваат 48%, додека просекот за земјите од ЈИЕ земјите изнесува 32%, а на ЕУ 33%. Сепак, беше посочено дека во овој дел треба да се земе во предвид дека за разлика од многу европски земји, кај нас, на пример платите за образованието ( основно и средно) се исплаќаат преку локалната власт.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.