ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Агенцијата за катастар на недвижностите во соработка со локалните власти до поефикасно спроведување на активностите за подготовка на електронскиот Адресен регистар на Република Македонија
13 јули 2017
 

Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и Свети Николе се првите четири пилот општини, во кои од месец март започнаа теренските активности за реализација на проектот за воспоставување на електронски Адресен регистар на Република Македонија, по европски стандарди, што го спроведува Агенцијата за катастар на недвижности. По тој повод директорот на оваа институција Славче Трпески, побара да се одржи работна средба во ЗЕЛС, која беше реализирана на 12 јули, 2017 година, а на која присуствуваа претставници од овие општини, како и потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Гостивар , Невзат Бејта.

Претставниците од Агенцијата за катастар на недвижности побараа поддршка од ЗЕЛС и од сите локални власти за успешно спроведување на проектот. Поточно тие побараа локалните власти да ги информираат своите граѓани, како и да обезбедат непречено спроведување на активностите од теренското прибирање на адресните податоци. Екипи од ангажираната компанија со мобилна –апликација го лоцираат објектот и електронски го евидентираат, при што обезбедуваат координати на секој објект и утврдуваат дали постои обележана табла со називот на улицата и бројот на објектот. Во текот на спроведувањето на активностите забележани се одредени опструкции од стана на жителите, особено во станбените објекти каде што екипите треба да влезат и да го утврдат број на станови на секој кат, заради што беше побарана поголема поддршка во информирањето на населението од страна на општините. Исто така, беше побарана и поддршка во однос на обезбедување на одлуките што се донесени од општинските совети за утврдување и именување на улиците, каде се простираат тие, од каде почнуваат и завршуваат, или одликите за преименување на улиците. Сето ова е со цел при натамошната анализа и споредување со постојните бази на податоци што ги имаат други институции, да се избегнат, односно отстранат преклопувањата и да се овозможи поголема точност на податоците , што е и една од главните цели на проектот.

-„Отсуството на географски и визуелен приказа на улиците и куќните броеви, досега го отежнуваше снаоѓањето на терен на многу институции. Особено е огромен бројот на домовите во селата кои немаат прецизни адреси и граѓаните се запишуваат на една иста адреса, а во одредени средини на исти број се водат повеќе станбени единици. Не се нумерирани ниту објекти и стопански единици вон населени места....Со овој проект ќе се обезбеди нов адресен регистар, односно централна електронска база од сите населени места , што ќе можат да ја користат сите институции. Описните и просторни податоци за адресите во адресниот регистар ќе се чуваат и водат во централизирана база на податоци. Системот ќе го одржува Агенцијата за катастар, а по нејзиното комплетно воспоставување, ажурирањето ќе го врши локалната власт, која и сега е законски надлежна да утврдување на адресните податоци. “ Ова на состанокот во ЗЕЛС го истакна директорот на Агенцијата , Славчо Трпески.

Потпретседателот на ЗЕЛС, Невзат Бејта рече дека ЗЕЛС и локалните власти му даваат целосна поддршка на проектот и дека ќе соработуваат со екипите на терен,, односно ќе ги информираат своите граѓани за обезбедување на непречено спроведување на активностите од проектот. –„ Од овој проект голема полза ќе имаат и општините “ рече Бејта, кој посочи дека се очекува со попрецизната евиденција на адресите да се утврдат имотите кои досега не се оданочени, а и да се обезбеди поефикасна наплата на другите такси на комуналните претпријатија.

Од страна на претставникот од општината Кисела Вода беше предложено претставници од екипите на терен да одржат состанок со претседателите на урбаните заедници од општината, кои ќе го обезбедат непреченото спроведување на теренските активности . На крајот на состанокот беше посочено дека резултатите за Адресарот, од првите четири општини се очекуваат да бидат готови и презентирани до крајот на оваа година.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.