ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Честит „ 26 Април- Ден на општините“ и честит 45-ти роденден на ЗЕЛС
26 април 2017
 

 

Токму пред 45 години, на 26 април, 1972 година е одржано Основачкото собрание на кое била формирана ЗЕЛС, односно, тогашното име било - Заедница на општини и градови на Македонија. Тоа била и причината овој датум, во Статутот на ЗЕЛС да биде прогласен за ден на општините и воедно да се одбележува како роденден на Заедницата .

По тој повод на сите единици на локална самоуправа во Република Македонија им го честитаме „26 Април- Денот на општините“ посакувајќи им натамошно успешно спроведување на своите надлежности и обезбедување на што поголема финансиска самостојност на локалната власт.

На ЗЕЛС му го честитаме овој 45-ти роденден со желби за постигнување на се поголеми резултати во развивањето на процесот на децентрализацијата на власта во земјава и натамошно одржување на единството на сите негови членки при реализација на зацртаната мисија и на визија за единствена, моќна, препознатлива, влијателна и финансиски независна институција, со иновативен пристап кон развој на услугите за општините кои ги обезбедува во континуитет и е меѓу најдобрите сродни организации во Европа.

Од ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.