ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Инфорамција - Од состанокот на комитетот за отпад Влада на РМ -
12 февруари 2010
 ИНФОРМАЦИЈА -

Од состанокот на Комитетот за отпад

Влада на РМ -

Скопје, 9 февруари, 2010година

Тринаесеттата седница на Комитетот за отпад при Владата на Република Македонија, имаше за цел ревидирање на состојбите со имплементација на Законот за отпад и вклученост на сите релевантни чинители во извршувањето на истиот, како и информација за извршени инспекциски надзори согласно Законот за управување на отпад од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

По првата точка извештај поднесоа претставници на министерството за внатрешни работи, како и директорот на Државниот инспекторат за комунални прашања, кој во своја надлежност ја има и контролата на работата на локалните комунални инспектори. Повторно е нагласено дека е тотално незадоволителен бројот на комуналните инспектори на локално ниво. Заради поефикасно спроведување на овој закон се предложи да се организира работилница, веројатно во месец март, на која ќе се поканат сите градоначалници, како и претставници на министерството за транспорт и врски и министерството за внатрешни работи, како главни извршители на одредбите на овој закон.

Една од информациите од овој состанок е дека претставници на Министерството за финансии позитивно се изјасниле за идејата да им се дозволи на општините да се задолжат, доколку тоа ќе им помогне во набавката на возила зса комунален смет.

Директорот на Државниот инспекторат за животна средина истакна дека во последните три месеци направиле преку 600 инспекции и дека се откриени големи неправилности како во работата на приватните компании, така и во работата на општинските комунални претпријатија.

Претставниците на ЗЕЛС го истакнаа незадоволството од начинот на кој се издаваат лиценци за собирање на комунален отпад на приватни фирми, кои при тоа немаат склучено договори со депониите. На овој начин, освен што се загрозува работата на општинските комунални претпријатија се врши и загадување на природата, бидејќи приватните компании можат да го складираат отпадот и на диви депонии или на други нелегални места.



назад


Преземени вести
Претседателот Иванов во Брисел на средби со Баросо и Филе
(09.09.2010)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година мора да поминат 30 дена практична работа во приватна компанија или јавна институција.
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.
 
Шест луѓе загинаа во шумските пожари во Казахстан
(09.09.2010)
Во шумските пожари што го зафатија северниот дел на Казахсатн загинаа шест луѓе. Огнот се прошири и во соседна Русија.
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum).
 
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
(09.09.2010)
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
 
Централна прослава на Рамазан Бајрам во Кади чешма џамија во Мала Речица
(09.09.2010)
 
Честитка од Стејт департментот за Денот на независноста на Македонија
(09.09.2010)
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
 
МВР Билтен
(09.09.2010)
 
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
(09.09.2010)
 
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
(09.09.2010)
 
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
„Гардијан“: Србија сепак попушти пред притисокот на ЕУ и на САД за резолуцијата за косовската независност
(09.09.2010)
 
Продолжува штрајкот на вработените во грчката железница и градскиот транспорт
(09.09.2010)
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
 
Реџепи: Очекуваме дијалог меѓу две независни држави
(09.09.2010)
 
Судот во Белград одби Ратко Младиќ да го прогласи за мртов
(09.09.2010)
 
До Генералното Собрание на ОН поднесена редефинираната српска резолуција за Косово
(09.09.2010)
 
Генерал Билер: Северот на Косово и понатаму останува најголемиот предизвик за КФОР
(09.09.2010)
 
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
(09.09.2010)
 
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
(09.09.2010)
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
 
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
(09.09.2010)
 
Силен земјотрес регистриран во Чиле
(09.09.2010)
 
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.