ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Надлежности на комуналната инспекција на локално ниво“- тема на обуката за комуналните испектори, организирана во ЗЕЛС
16 август 2018
 
„Надлежности на комунална инспекција на локално ниво“ беше темата на обуката што ја организираше ЗЕЛС за комуналните инспектори и претставници од општинската администрација, на 16 август, 2018 година во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот. Претставниците од локалната власт беа поделени во две групи. Првата ја следеше обуката во периодот од 9.00 до 13. 00 часот, а втората од 13.00 до 16. 00 часот. Присутните имаа можност да постават прашања за предизвиците со кои се соочуваат при спроведувањето на законските прописи , да разменат искуства со своите колеги за начинот на спроведувањето на постапките, да изнесат одредени предлози во насока на иницирање на законски измени за обезбедување на поголема ефикасност во спроведувањето на надлежностите од оваа област. За спроведување на оваа обука ЗЕЛС во соработка со Државниот комунален инспекторат обезбеди професионален тим кој одговараше на сите поставени прашања од присутните.

Оваа обука ЗЕЛС ја организираше на барање на општините а во согласност со активностите поврзани со јакнење на капацитите на општинската администрација и годишната Програма за обуки на ЗЕЛС.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.