Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Мерките за родова еднаквост –неопходен дел од секоја општинска програма и буџет
9 октомври 2020
 

Набавка на компјутери и таблети за учениците; отворање на центри за згрижување на деца од социјално ризични семејства; рана детекција на семејно насилство; но, и советувања за репродуктивно здравје на жените, претставуваа само дел од мерките што беа предложени да претставуваат неопходен дел од општинските програми и буџетите за 2021 година. Овие предлози ги посочија советниците, членови на општинските комисии за еднакви можности помеѓу жените и мажите, кои учествуваа на обуката „Родово одговорно буџетирање“, што во организација на ЗЕЛС се одржа на 6-7 октомври, 2020 година, во Маврово. Оваа дводневна обука е дел од планираните активности од проектот „Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021), што го спроведува ЗЕЛС, со поддршка на UN Women.



Во рамките на дводневната обука, експертките: Марија Ристеска и Кристина Хаџи-Василевска преку презентациите и интерактивните вежби ја потенцираа важноста на примената на родовото одговорно буџетирање на локално ниво, кое е во функција на намалување на родовите нееднаквости и стереотипи. Посебен акцент беше ставен на примена на мерките во услови на кризата со вирусот КОВИД -19 но и на период после кризата. Тие ги нагласија и законските обврски, но и стратегиските политики на земјата во делот на обезбедувањето на родова рамноправност. Присутните се запознаа со резултатите од истражувањето за влијанието на Ковид-19 врз жените и мажите во земјата, спроведено од UN Women Скопје. Беше заклучено дека пандемијата различно влијае врз животот на жените и врз животот на мажите и дека овие податоци треба да претставуваат аларм за сите институции, вклучувајќи ги и општините, од неопходноста за интегрирање на родовата перспектива во процесите на изработка на општинските програми и на буџетите на општините за следната година. Односно, дека програмите и буџетите треба да бидат развивани во согласност на потреби на жените и на потребите на мажите кои воопшто не се исти, а при тоа никој да не биде запоставен.



Низ вежбата за родово дрво беа презентирани перспективите на учесниците за тоа кои се традициите, политиките, но и вредностите врз основа на кои се развиваат мерки и активности за надминување на родовите стереотипи и родовиот јаз во рамките на општината. Преку прикажување на краток филм, присутните беа запознаени и со степенот на застапеност на родовото одговорно буџетирање во регионот и во земјата. Голем дел од дискусијата беше посветен на претставување на состојбите со родовата еднаквост во општините; колку средства се одвојуваат од буџетите за родова еднаквост но и за начините како да се сензибилизираат главните ,,актери“ (раководните структури, координаторот за еднакви можности, советници) да посветат соодветно внимание и активности за оваа област. Беа изнесени и повеќе успешни практики од општините на реализација на активности од родовата еднаквост, особено во областите: социјалата, детската заштита, урбанизмот, образованието и во други надлежности на локалната самоуправа. Посочено е дека овие позитивни примери се успешни бидејќи најчесто се резултат на воспоставен сеопфатен пристап при нивното иницирање и спроведување, односно се резултат на заедничко учество на граѓаните, локалната бизнис заедница, медиумите и невладините организации.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.