ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Избрани членовите на телата на ЗЕЛС и новото претседателство на Заедницата
30 ноември 2017
 

По локалните избори што беа спроведени во октомври, оваа година, Генералното Собрание на ЗЕЛС ја одржа конститутивната седница со новиот состав на делегати. Ова највисоко тело на ЗЕЛС,на својата прва седница, што се одржа на 29 ноември, 2017 година, во хотелот Александар палас, гласаше и ги утврди членовите на останатите тела на Заедницата, односно го избра составот на Управниот одбор на ЗЕЛС, на Надзорниот одбор и на Комитетот на Советите.

За време на паузата на седницата на Генералното собрание, Управниот одбор на ЗЕЛС одржа кратка конститутивна седница на која од своите редови го избра Претседателството на Одборот, кое истовремено е и Претседателство на ЗЕЛС. Довербата, во следните четири години да биде на чело на ЗЕЛС му беше дадена на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев беа избрани за потпретседатели на Управниот Одбор.

-„ Чест ми е што моите колеги од Управниот одбор на ЗЕЛС ми ја доверија оваа функција која пред се ја разбирам како голема одговорност, а не како привилегија. Затоа веднаш ќе кажам дека приоритетите на ЗЕЛС во следниот период се: продолжување на развојот на процесот на децентрализација на власта во земјата и зајакнувањето на финансиската стабилност на општините. Суштината на демократијата е враќање на власта кон граѓаните а, тоа се реализира токму преку единиците на локална самоуправа. Затоа сите ние поединечно, а најмногу сите заедно преку ЗЕЛС ќе ги реализираме овие приоритети како и многу други активности во насока на подобрување на условите за живот на своите сограѓани и услугите што им ги дава локалната власт.“

Ова го истакна новиот претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на седницата на Управниот одбор, веднаш по неговиот избор, како и пред присутните новинари кои ги следеа овие значајни настани на Заедницата. При тоа тој посочи дека пред локалните власти веднаш стои обврска за што поскоро вклучување со свои предлози во изменувањето на двата закона: Закон за енергетика и Закон за јавна администрација , кои се на дневен ред во централните институции во земјава, а чии одредби се рефлектираат во општините .-„ Мислам дека не чека сериозна работа и мислам дека сите преку ЗЕЛС сме подготвени да дејствуваме единствени“, рече на крајот од своето обраќање, новиот претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов.

Пред членовите на Управниот одбор, а и пред медиумите, се обрати и потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на општината Чаир. Тој исто така изрази задоволство на укажаната доверба од членовите на Управниот одбор. Посочи дека најважно од се е во рамките на ЗЕЛС сите единствено да дејствуваат при лобирањето пред централната власт за подобрување на законите поврзани со реализирање на надлежностите на општините и дека ЗЕЛС досега покажал и докажал дека е најдобриот инструмент за постигнување на значајни успеси во напредокот на децентрализацијата во земјата.


Од вкупно 90 делегати на Собранието присуствуваа 80, меѓу кои и претставниците од Комитетот на советите, кои во согласност на Статутот на ЗЕЛС се и делегати на Генералното собрание .

Делегатите потоа едногласно ги избраа членовите на Комитетот на Советите, што го сочинуваат девет претставници од општинските совети, односно по еден претставник од секој плански регион и еден претставник од Советот на град Скопје.

Беа избрани и 22 члена на Управниот одбор на ЗЕЛС, чиј мандат е исто така во траење од 4 години. Членовите се градоначалници, како и тројца советници кои се избираат од редот на членовите на Комитетот на Советите.

Потоа беше избран и составот на Надзорниот одбор на ЗЕЛС што брои вкупно 6 члена, кои ги избира Генералното Собрание, исто така со мандат во траење од 4 години. Еден од членовите на овој орган е истовремено и член на Комитетот на советите.

Пред делегатите на Собранието, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, го презентираше финансискиот план на ЗЕЛС за следната година, со планираните приходи и расходи одделно. Согласно годишното финансиско планирање, извршната директорка го престави и Годишниот Акциски план на ЗЕЛС за 2018 година,, истакнувајќи дека се состои од три стратешки цели, од кои првата е најважна за општините: Застапување и лобирање, Втората се услугите кои ЗЕЛС ги обезбедува за општините, со акцент на електронските услуги, БФЦ ЈИЕ сертификацијата и градењето капацитети на општините, и Третата која се однесува на јакнење на капацитетите на извршната канцеларија, како и планирање на самоодржливост на ЗЕЛС.

По изборот на телата на ЗЕЛС, беше отворена дискусија за присутните делегати. Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, истакна дека општините во некои сегменти од своето работење го немаат правото на одлучување, особено во однос на искористување на одредени инвестициски активности на нивна територија, решенијата се носат на национално ниво, а притоа истите би имале големо локално значење за граѓаните. Како пример го наведе транспортот на топлинска енергија, гасификација, објекти на општините кои можат да се добијат своја локална намена. Градоначалникот Мицевски го нагласи и степенот на кариерен развој, воведен во локалната државна администрација и согласно тоа можностите за зголемување на висината на платите на локалната администрација, како и пензионирањата во администрацијата што понатаму при нови вработувања се на товар на општината.

На крајот од седницата претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов рече дека како и досега локалните власти и ЗЕЛС ќе имаат доста активности и дека има многу заеднички прашања што ги засегаат сите општини и следат интензивни дискусии за да се дојде до заеднички консензуални решенија со кои ќе се излезе пред централната власт .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.