Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Презентиран „Националниот портал на е-услуги“ пред претставници од локалната власт
26 ноември 2019
 

 

До крајот на декември оваа година се најавува да биде пуштен во употреба „Националниот портал на е-услуги“ (www.uslugi.gov.mk) чија основна функција е да обезбедува електронски услуги за граѓаните што ги нудат државните институции, како и бројни информации за постапките и документите кои се потребни за да се реализираат услугите. Порталот располага и со „интерактивна мапа“ од каде граѓаните може да ја видат локација, контакт телефоните и други корисни податоци за институциите. ЗЕЛС во соработка со општините, а по барање на Министерството за информатичко општество обезбеди услови за организирање на регионални презентации на овој електронски портал. Претставниците од локалните власти од општините од Скопскиот, Полошкиот и Југозападниот регион ја проследија презентацијата на 25 ноември, 2019 година во просториите на ЗЕЛС и во административните згради на општините: Тетово и Струга. Во општините: Куманово, Битола и Струмица на 26 ноември, 209 година беа реализирани презентациите за претставниците од локалните власти од Североисточниот, Пелагонискиот и Југоисточниот плански регион, а на 27 ноември, 2019 година презентации беа одржани во општините: Велес и Штип за локалните претставници од Вардарскиот и од Источниот плански регион.

На средбите беше потенцирана и улогата на локалните власти за поддршката што треба да им ја дадат на граѓаните при нивното евидентирање во „Електронскиот централен регистер на население на Република Северна Македонија“. Беше посочено дека најголем дел од податоците на граѓаните во овој Регистар се преземени од системот на УЈП, но бидејќи пријавувањето не беше задолжително за целото население, постојат граѓани кои се уште не се евидентирани (пример голем дел од пензионерите). Затоа тие ќе имаат можност да се обратат во локалната власт каде ќе им биде креиран кориснички профил. За да ја вршат оваа обврска, ќе бидат ангажирани лица од администрацијата на општината, кои претходно ќе добијат овластување од МИОА за привилегии за пристап до системот. Беше посочено дека локалната власт при вршењето на овие активности ќе добие поддршка од ИТ-администраторите на МИОА.




Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање. Регистарот на граѓани ќе биде основа за креирање на единствен електронски број на граѓанинот. Понатаму, овој број ќе биде клучен за системите кога граѓанинот ќе побара услуга од институциите.

Со пуштање во употреба на Регистарот на население, а многу скоро и на Националниот портал за е-услуги, ќе се обезбеди едно повисоко ниво на пристап до податоците на граѓаните, а ќе се обезбеди и посебна заштита на личните податоци. Присутните претставници од општините беа информирани дека се утврдени повеќе од 1.300 услуги што ги даваат државните институции, од нив досега во „Националниот портал на е-услуги“ комплетно се верифицирани повеќе од 600 услуги, од кои дел може комплетно да се реализираат по електронски пат. Беше објаснето дека при регистрирањето на системот граѓаните ќе имаат можност да изберат едно, од трите понудени нивоа, кои нудат и различен степен на привилегии што може да се користат. Основно ниво нуди најбазични информации, а третото ниво ќе може да го користат лицата кои имаат електронски потпис и ќе овозможи комплетна реализација на услугата по електронски опат Беше најавено дека во следната фаза, овој систем ќе биде надграден и со услуги за бизнис заедницата.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.