Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
,,Безбедни семејни паркинг зони“- по градот Скопје и во многу други единици на локална власт
28 септември 2020
 

 

Со реализацијата на Проектот ,,Безбедни семејни паркинг зони“ насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, навлеговме во сржта на наједноставните, но неизмерно важни потребите на одредени категории на наши сограѓани. Всушност тоа е и улогата на локалната власт, во соработка со своите граѓани да ги детектира нивните потреби и да направи напор истите да ги обезбеди. Во овој случај, тоа се потребите на бремените жени и семејствата со деца до тригодишна возраст за кои обезбедивме законски но, и реални услови за поставување на соодветни паркинг места наменети исклучиво само за нив“.

Ова го изјави претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на конференцијата што ја организираше АМСМ, на 28 септември, 2020 година, во Скопје, на која беа презентирани досегашните резултати од реализацијата на овој Проект, што се реализира со ко-финансирање од страна на Меѓународната автомобилска асоцијација (ФИА), а во чија реализација беше вклучен и ЗЕЛС, за што пред околу 18 месеци беше потпишан и Меморандум за соработка. Пред присутните на овој настан се обратија и претставниците од другите учесници во Проектот: министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски; министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски: домаќинот –генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски; директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.



Претседателот на ЗЕЛС, во своето обраќање посочи дека овие паркинг места се ставени на најповолните локации што им се потребни на овие граѓани и тоа пред здравствени установи, одредени центри за пазарење, како и пред јавни објекти кои првенствено се наменети за најмладите. Тој посочи дека е обезбеден и поголем простор за паркирање од вообичаениот, заради потребните манипулации на родителите или на трудниците.

– „Засега, вакви „безбедни зони за паркирање“ за трудниците и за родителите на деца до тригодишна возраст, се обезбедени во општините: Центар, Чаир и Велес( во станиците за технички преглед на АМСМ) но, и во речиси 12 зони за паркирање на јавното претпријатие ,,Градски паркинг- Скопје“, каде пак има вкупно 27 вакви паркинг места. Се разбира дека оваа бројка во иднина ќе се трудиме значително да ја зголемиме, при што никогаш не забораваме и на зголемување на бројот на обележани паркинг места и за лицата со посебни потреби, рече Шилегов. Тој посочи дека заинтересираност има и кај многу други општини, особено онаму каде учесниците во сообраќајот се соочуваат со истиот проблем на недостаток на паркинг места и дека во следниот период, вакви паркинг места ќе се обезбедат и во општините; Охрид, Велес, Битола, Тетово, Штип, Куманово. Поголема безбедност во сообраќајот е исто така еден од приоритетите на локалните власти, кои даваат голем придонес со конкретни активности, а во таа насока е и поттикнувањето на користењето на велосипедот, како превозно средство и преземањето на низа мерки за создавање на безбедни услови за нивно вклучување во сообраќајот.

На крајот од своето обраќање, претседателот на ЗЕЛС апелираше до сите учесници во сообраќајот да имаат висока свест при паркирањето на своите возила, да не го загрозуваат сообраќајот и да ја почитуваат паркинг сигнализацијата, не само на лицата со посебни потреби, туку и на оваа група на граѓани.

Генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски, говореше за обезбедувањето на средства за реализацијата на Проектот, за соработката со сите институции кои учествуваа во неговата реализација, за видливите резултати како во промените на законската регулатива така и во видливата реализација на поставување на овие паркинг места, за кои изрази надеж дека ќе бидат се побројни, како во Град Скопје, така и во другите општини во земјата.



Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека проблемот со паркирање веќе е акутен проблем во многу градови и дека според статистичките податоци во нагорна линија се движи сообраќајната загрозеност на родители и децата до тригодишна возраст. Тој посочи дека полицијата не само што презема акции на санкционирање заради непочитување, туку презема и низа активности за едукација и подигање на свеста на учесниците за безбедно возење, па реализацијата на овој Проект е токму во таа насока. Спасовски ги повика трудниците и родителите на деца до три години, да ја искористат оваа привилегија да се пријават на утврдените пунктови на АМСМ и да ја извадат потребната налепница. При тоа Министерот за внатрешни работи укажа дека од голема полза за обезбедување на поголем број на вакви паркинг места би требало да дадат стопанските субјекти, чии услуги се користени токму овие категории на граѓани.

- „Направени се измена на Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација и воведена е хоризонтална и вертикална сигнализација за обележување на ваквите безбедни семејни паркинг места, следејќи ја европската регулатива и пракса. Примерот на Град Скопје ќе го применат и другите општини, а МТВ е подготвено за да ја даде потребната поддршка, рече министерот, Благој Бочварски. Тој посочи дека општините преку креирањето и донесувањето на урбаната планска документација, во соработка со своите граѓани може да направат позитивни исчекори за поголема безбедност во сообраќајот .



И директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, изрази големо задоволство од реализацијата на овој Проект, со кој пред Гинекологија засега се обезбедени четири вакви паркинг места. При тоа Јовановска информираше дека на своите пацинетки им делат и соодветни брошури што се обезбедени во рамките на овој проект, а кои содржат низа полезни информации за нивното учество во сообраќајот.

На крајот од конференцијата на присутните им се обрати и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, кој посочи дека воспоставувањето на „безбедни зони за паркирање“ многу скоро ќе биде препознаена како голема вредност во многу градови од земјава, и тоа не само за оваа категорија на граѓани. – „Проектот треба да претставува само дел од сериозните напорите кои сите заедно треба да ги вложиме за да имаме што побезбеден сообраќај, во кој паркирањето не е незанемарлива категорија“, рече Дујовски.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.