Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Група средношколци во посета на ЗЕЛС
14 јуни 2018
 

 Група ученици од неколку средни училишта во Скопје, предводени од Филип Ѓурчески, младински делегат од Република Македонија во Советот на Европа, на 13 јуни, 2018 година, го посетија ЗЕЛС. Целта на посетата беше средношколците, кои се дел од Проектот „Транспарентност за подобар свет“, да се запознаат со улогата и активностите на националната асоцијација на сите локални власти во земјата како и со процесот на децентрализација, односно пренесувањето на надлежностите од централно на локално ниво.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ им посочи на присутните дека во нашата земја од 2005 година започна и практичното имплементирање на власта на локално ниво, кога општините почнаа да ги реализираат префрлените надлежности, меѓу кои: урбанистичкото планирање и издавање на одобрение за градба, заштита на животната средина, локален економски развој, низа комунални дејности, социјална заштита, образование и друго. Таа ги информираше дека сите 80 општини и Градот Скопје, како посебна единица на локална власт членуваат во ЗЕЛС. Градоначалниците и советниците, преку формираните органи и тела на ЗЕЛС, дискутираат во просториите на Заедницата за сите предизвиците со кои се соочува локалната власт, а потоа донесуваат консензуални решенија за чија реализација лобира ЗЕЛС. Освен улогата за подобрување на законската основа за спроведување на сите надлежности, ЗЕЛС реализира и активности за јакнење на капацитетите на општинската администрација, преку организирање на обуки, конференции и средби. Исто така во името на сите општини ЗЕЛС одржува повеќе информациски системи, преку кои општините обезбедуваат електронски услуги за своите граѓани.

Средношколците поставуваа и низа други прашања за улогата на ЗЕЛС и како таа функционира, при што изнесоа и одредени сознанија што ги стекнале од средбите, што во рамките на проектот ги реализирале изминатата недела со градоначалниците од општините: Аеродром, Карпош, Центар и со градоначалникот на Град Скопје. Таму повеќе осознале за организационата поставеност на единиците на локалната самоуправа, изворите на финансирање на општината, услугите што тие им ги нудат на граѓаните, начинот на комуникацијата што ја остваруваат со своите жители и алатките за транспарентно работење.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.