ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Работна средба на мрежата на локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС
22 јуни 2018
 

Мрежата на локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС одржа средба на 20 јуни 2018 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот на која се разгледуваше и дискутираше за секојдневните проблеми и актуелните состојби во областа на превозот и јавните патишта од аспект на надлежностите на локалните инспектори.

Бројни недоречености, преклопување на надлежности, донесување на комплетно нов Закон за јавни патишта. Потребата од воведување на одредби за изрекување на глоба доколку правните или физички лица кои вршат отстранување на оштетените возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта за територијата на соодветната општина или градот Скопје , не поседуваат соодветна лиценца, потреба за доуредување на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за јавните патишта со одредби кои се однесуваат и на општинските патишта и улици, потребата од доуредување со одредби за постапка за добивање на решение за траен режим на сообраќај и издавање одобрение за времен режим на сообраќај која ќе се однесува на општинските патишта и улици, се само некои од аспектите кои се дискутираа, а се јавуваат како проблем. Инспекторите заклучија дека е потребно да се изготви Предлог-документ за изменување и дополнување на законските одредби во кој ќе бидат вметнати сите воочени слабости и недостатоци со кои се соочуваат инспекторите на терен.

Инспекторите отворија дискусија и по текстот на Предлог – Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради фактот дека е веќе во собраниска процедура, беше истакнато дека е потребна итна реакција и интервенција во текстот на истиот, а со оглед да инспекторите се директни применувачи на Законот. Особено беше посочен чл.77 од Предлог – Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а во врска со чл. 99-а од Законот за превоз во патниот сообраќај, според кој глоба може да се изрече само на правно или физичко лице - трговец поединец, а не и на физичко лице. Во тој случај Инспекторот при вршењето на надозорот кај физичките лица кои вршат дејност без лиценца и извод од лиценца не ќе можат да изречат глоба на физичко лице, ниту пак да донесат решение за времено одземање на возило. Исто така на физичко лице не ќе може да се изрекува глоба во случај на непочитување на Решение издадено од надлежен инспектор. Понатаму инспекторите посочија дека при издавањето на лиценците за вршење на такси превоз, барателите на лиценци имаат голем проблем при обезбедување на потребниот документ за вграден исправен, пломбиран и баждарен таксиметар, а на терен инспекторите се соочуваат со проблем при вршењето на надзорот кај овие превозници бидејќи тие сметаат дека си ги завршиле сите законски обврски, а не можат да добијат лиценца. Се дискутираше и за начинот на доделување на слободни лиценци и изводи од лиценци во општините како и Градот Скопје. Понатаму се поведе дискусија околу временото одземање на возила од страна на инспекторите, од тие што вршат превоз без лиценца. Заеднички став беше дека оваа проблематика не е доволно објаснета во законот.

Беа истакнати проблеми и околу непочитување на одлуките за дотур на роба, како и немањето можност да се врши контрола и надзор над спроведување на истите, како и за наметнување на многу нови надлежности за инспекторите, а за кои повторно не се предвидени одредби за изрекување на глоба во случај на непочитување на Решение издадено од належен инспектор.

Воедно Членовите на мрежата на инспектори за патен сообраќај и патишта на Град Скопје и општински инспектори за патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС за Заменик Претседател на мрежата едногласно ја избраа Валентина Арсова – Инспектор од Град Скопје.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.