Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ
17 јануари 2020
 

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ

За потребите на Проектот “Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“ (2019-2021)

1.Опис на проектот

ЗЕЛС со поддршка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените континуирано работи на зајакнување на капацитетите на општините за имплементирање на политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање. Во таа насока е и проектот “ Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021), кој треба да придонесе и при имплементацијата на активностите од Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС 2018-2030.

Стремејќи се кон остварување на главната цел на проектот за напредни политики за родова еднаквост на локално ниво, ЗЕЛС ќе се фокусира на зајакнување на општинските капацитети кои треба да ги препознаат специфичните потреби на жените и мажите, а при тоа да го применат партиципативниот пристап при алоцирање на финансиски средства во нивните буџети за овие специфични потреби.

Со имплементација на активностите од проектот “ Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021), се очекува ЗЕЛС да ги испорача следниве резултати:

Локалните функционери и општинската администрација имаат силни капацитети за имплементирање на родови политики со примена на партиципативноте учество во општината и имплементирање на Родово Одговорно Буџетирање

Е-платформата за РОБ на ЗЕЛС да прерасне во регионален ресурсен центар за потребите на администратицијата и локалните функционери

ЗЕЛС ја зајакне својата улога во процесите на застапување на интересите на општините, како и институционализација на РОБ на локално ниво

2. Планирани активности, задачи и очекувани резултати од ангажираното лице

Врз основа на Договорот за соработка на проект помеѓу ЗЕЛС и UN Women во Скопје, а во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија каде е интегриран и проектот на ЗЕЛС “ Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021), а со тоа и планираните проектни активности, утврдена е потреба за ангажирање на лице за спроведување на активности за родови политики и родово одговорно буџетирање.

Во таа насока се објавува Оглас за ангажирање на лице за спроведување на дел од активностите на проектот кое треба да одговори на следниве задачи и испорака на резулати:

:

Ø За очекуван резултат: Е-платформата за РОБ на ЗЕЛС да прерасна во регионален ресурсен центар за потребите на администратицијата и локалните функционери, потребно е да се спроведе следната активност:

o Активност 1: Развивање на комуникациски алатки и протоколи за интерна употреба во општината за активности од областа на родова еднаквост; експертски денови 2; временска рамка: март- април 2020

Ø За очекуван резулатат: ЗЕЛС ја зајакне својата улога во процесите на застапување на интересите на општините, како и институционализација на РОБ на локално ниво, потребно е да се спроведе следната активност:

o Активност 2: Развивање на методологија за интегрирање на родовите перспективи на општината во локалните политики и буџети; експертски денови 3; временска рамка септември-ноември 2020

Ø Испорачаните резулати и материјали од експертот ќе бидат мониторирани и одобрени од проектитот тим.

3. Временска рамка за испорака на задачите

Сите споменати активности и задачи е планирано да се имплементираат согласно Планот за имплементација на проектот помеѓу февруари 2020 и декември 2020 година.

4. Критериуми потребни за квалификација на кандидатите и начин на бодување

4.1. Образование

Високо образование од областа на родови студии, социјални работи, јавна администрација, меѓународни односи или слични области – 10 бодови

- Специфични обуки/дополнителни едукации релевантни на областа родова еднаквост – 10 бодови

4.2 Искуство

- Најмалку 3 години искуство со родово одговорно буџетирање во јавниот сектор, особено во локалната самоуправа во земјата и регионот – 10 бодови

- Најмалку 3 години работно искуство во областа на родовата еднаквост, со специфика во развој на програми за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање – 20 бодови

- Искуство во дизајнирање и испорака на активности( обуки, конференции, работилници итн.) како и активности за РЕ и РОБ во јавниот сектор, особено на локално ниво. Најмалку 5 обуки и работилници со локални самоуправи – 10 бодови

- Искуство во развој на документи и извештаи, како и пишување на политики за родова еднаквост – 10 бодови

- Искуство во работење со локални самоуправи во земјата и регионот – 10 бодови

- Презентациско искуство, јавно говорење и модераторски вештини на работилници, конференции, обуки. – 10 бодови

4.3. Финансиска понуда

- Рангирање според најниска цената - 10 бодови



Напомена: Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.

Ø Во случај да два или повеќе кандидати имат ист број на бодови, за спроведување на проектните активности ќе биде избран кандидатот кој прв ја поднел пријавата.

5. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да поднесат:



  1. Биографија/CV
  2. Писмо за мотивација со краток опис на секоја од ставките наведени во точка 4 од огласот кои одговараат на поднесената биографија/CV
  3. Финасиска понуда за целокупниот проектен ангажман


Потребните документите, Ве молиме да ги доставите на следниов е-маил: contact@zels.org.mk, со назнака за Апликација за експерт за родова еднаквост.



Краен рок за аплицирање е 30 јануари, 2020 година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.