ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС го осудува чинот на грозоморното убиство на градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи
6 мај 2017
 

ЗЕЛС го осудува чинот на грозоморното убиство што беше извршено утрово врз градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, долгогодишен член на Заедницата и активен учесник во нејзиното јакнење и унапредување.

Градоначалниците, општинските советници и сите вработени во локалната власт во земјава се длабоко потресени од овој немил и неочекуван настан, особено што е извршен врз личност со високи морални вредности и голема професионална одговорност. Станува збор за еден од најуспешните градоначалници, кој беше целосно посветен на развојот на децентрализацијата на власта и развивањето на демократските процеси во земјава.

ЗЕЛС загуби човек кој со своето огромно искуство претставуваше силна потпора за нејзин континуиран развој и поборник за консензуално решавање на сите предизвици. Неговите успеси ги потврдуваат не само неговите сограѓани од општината Боговиње, туку тие беа длабоко почитувани и применувани од другите општини во земјава и надвор од неа.

ЗЕЛС упатува искрено жалење за огромната загуба и до неговото семејство и апелира до надлежните органи за поитно утврдување на причините за стореното злосторство.



Заедница на единиците на локалната

самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.