ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Предизвиците од секторот на водни услуги дискутирани на тркалезна маса
30 октомври 2018
 Преку презентирање на надлежностите на општините и нивните обврски во секторот водни услуги, до истакнување на предизвиците беше во фокусот на говорот на Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов на тркалезната маса организарана од АДКОМ на 30 октомври, 2018 година. Во своето обраќање пред претставниците од Јавните комунални претпријатија, од Регулаторната комисија за енергетика и вода, како и од бројни министерства, претседателот се задржа на неколку предизвици кои бараат конкретни решенија со цел обезбедување на квалитетна вода за граѓаните и нормално функционирање и одржување на водоснабдителни системи и системи за отпадни води.
 “Проблемите се лоцирани и се во неколку сегменти. Така, за да има континуирано одржување на квалитетни водоснабдителните системи потребни се постојани инвестиции. Покрај ова, за регулирањето на отпадните води и нивно одржување потребно е да изнајдеме самоодржувачки решенија, а горлив проблем е и детектирањето на подземната инфраструктура што повлекува други проблеми во оваа оваа област“, се задржа Шилегов. Тој потенцираше дека одржувањето на квалитетни системи за водоснабдување е голема инвестиција и бара силни финансиски капацитети кај општините што е еден од предизвиците со кои се соочуваат општините и јавните претпријатија. Бидејќи тоа се поголеми инвестициски зафати, ЕЛС често аплицираат на различни повици и подготвуваат проекти преку јавните претпријатија. Исто така, општините до одреден степен и се задолжуваат за да обезбедат поквалитетна инфраструктура за водоснабителни системи и обезбедување на квалитена вода, која ќе е достапна до поголем број поодалечени населени места на подрачјето на општината. Како најевидентен проблем ја посочи инфраструктурната мрежа, односно детектирање на подземанта инфрастурктура и запишување во регситарот на подземен катастар. Ова е долгогодишен проблем бидејќи и самите ЈП немаат увид во инфаструктурата со која располагаат. “Горлив проблем е детектирање на загубите на води низ водоснабдителните системи, а тоа е поврзано со немање на евиденција за подземната инфраструктура. Во однос на одводните води најголем проблем е инвестицискиот дел во однос на на поставување на пречистителни станици за отпадни води и нивно одржување кое е скапо, а тоа повлекува и изнаоѓање на добри и самоодржувачки решенија“, додаде Шилегов. Отворајќи неколку прашања, претседателот на ЗЕЛС изрази очекување за дискусија околу истите, при тоа алудирајќи на дополнителни информации и размислувања од Претседателот на АДКОМ, во однос на решенија со проблемот со инфаструктурниот регистар, како и околу подготовка на бизнис планови за одредување на цената на водата. НА траклезанат маса се обратија и претседателот на АДКОМ, Зоран Горгиев и Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и вода.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.