Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Карпош, Битола, Охрид, Велес, Кавадарци и Куманово дел од Европската недела за урбана мобилност преку ЗЕЛС
23 септември 2019
 

 

На 19.09.2019 година во просториите на ЗЕЛС се одржа завршната Конференција за одржлива урбана мобилност на проектот ,,Поддршка на единиците на локалната власт на Република Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност“, имплементиран од ЗЕЛС со поддршка Германската агенција за меѓународен развој (GIZ).

Конференцијата ја отвори Душица Перишиќ, извршниот дирекот на ЗЕЛС, која истакна дека “во изминатиов период Република Северна Македонија направи значајни чекори во подобрување на урбаното планирање и сообраќајот со примена на принципите на урбаната мобилност. Поттикнати да инвестираме во иднината на нашите граѓани, да ја заштитиме нашата средина и да обезбедиме пристојни услови за живот за идните поколенија заеднички усвојуваме заложба за примена на принципите на урбана мобилност врз која ќе ги базираме нашите активности. Со заеднички напор започнавме да ги надминуваме овие ограничувања и сè повеќе општини покажуваат позитивни иницијативи“.

Перишиќ, објаснувајќи ги проектните процеси, објасни дека прво е обучен експертски кадар кој советодавно може да го користат општините, по што се дадени консултантски услуги на шест пилот општини: Битола, Велес, Кавадарци, Куманово, Охрид и Карпош. На објавениот повик за конкурирање со проекти, мешовита комисија на ЗЕЛС И ГИЗ ги избра највисоко рангираните општини Охрид и Карпош. Општина Карпош ја имплементира т.н. ЗЕЛЕНА рута за велосипеди и пешаци и го обезбеди т.н. Соларно дрво за полнење на електрични скутери и мобилни телефони во Адреналинскиот парк. Општина Охрид обезбеди девет локации за паркинг за велосипеди на својата територија и ја подобри велосипедската инфраструктура. Две општини, Велес и Битола, беа поддржани со промотивни активности за време на Европската недела на урбана мобилност.

Давид Оберхубер, директор на Регионална канцеларија на германската агенција за поддршка и развој – ГИЗ, им се заблагодари на присутните за интересот што го покажуваат за подобрување на состојбата во урбаното и сообраќајното планирање. Тој истакна дека ГИЗ спроведува слични активности и во останатите земји во регионот и е среќен што проектот е навреме имплементиран во Р. С. Македонија и има видни резултати. Оберхубер очекува и следната година ГИЗ да соработува со ЗЕЛС во оваа насока, а со цел да се поддржат општините во нивните потреби.

На присутните се обрати и Ана Петровска, државен секретар на Министерство за животна средина, која истакна дека и покрај тоа што Министерството нема надлежност во урбанистичкото планирање и планирањето на сообраќајот, сепак се директно поврзани со примена на мерки за намалување на загадувањето на животната средина, а поврзано и со обезбедување пристојни услови за живот. Заради тоа, Министерството е координатор на Европската недела за урбана мобилност и секоја година ги повикува општините да се приклучат кон оваа иницијатива. Таа истакна дека ја радува ангажманот на ЗЕЛС и изрази надеж дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме да ги помагаме локалните самоуправи во урбаната мобилност.

На Конференцијата беа потпишани изјави за поддршка на имплементирање на мерки од локалните планови за урбана мобилност од страна на градоначалниците на општините вклучени во проектот. Изјавата претставува прв чекор кон стратешко и планско планирање на урбаната мобилност на локално ниво. Пилот општините ги презентираа мерките што ги имплементирале оваа година, а излагање имаше и претставник на Град Скопје, како водечки двигател според бројот на преземени мерки во рамките на планот за одржлива урбана мобилност.

На локацијата на О. Карпош каде започнува зелената рута (пешачка и велосипедска зона) каде е поставено т.н. Соларно дрво, учесниците имаа можност практично да се запознаат со полнење електрични тротинети и други уреди.

Урбаната мобилност претставува модел на оптимални трошоци и иновација, зголемување на удобноста на живеење на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните. Иницијативата за примена одржливо урбани мерки во општеството е широко застапена во Европската унија, и токму затоа Европската комисија одредува цела недела (од 16 до 22 септември) за поддршка за овој вид активности. Над три илјади градови и општини се вклучени во имплементација на одржливо урбани мерки, а меѓу нив и општините: Карпош, Битола, Охрид, Велес, Кавадарци и Куманово кои ЗЕЛС директно ги поддржа со проектот, со цел да се поттикне идно стратешко планирање кон правилен развој на сообраќајот, урбаното планирање, културата и удобност на живеење на граѓаните.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.