На 28.02.2011 во просториите на ЗЕЛС членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС реализираа средба со заменик -претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески на тема издавање на општински обврзници. На средбата претставниците на Управниот одбор беа детално запознаени со потребните предуслови за подготовка на општината за евентуално пристапување кон издавање на општинските обврзници и тоа преку претставување на "Водич за издавање на општински обврзници". Имено, издавањето на општинските обврзници, претставува тема која во овој момент е мошне интересна и актуелна за сите општини во земјава, особено сега кога е тешко во услови на недоволни финансирање на општините, да се реализираат одредени капитални проекти, кои се од голема потреба и значење за граѓаните.
Во водичот се детално разјaснети условите, формите, постапката на задолжување на општините, придобивките како и начините на емитување на општинските обврзници.
За подетални информации во прилог може да го најдете "Водичот за издавање на општински обврзници".
|