ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Работилница на претставници од УЧР Мрежата при ЗЕЛС за подготовка на правилници поврзани со работењето на противпожарните единици
11 јули 2018
 

Изработување на ,,Правилник за постапката за управување со ефектот на вработените во ТППЕ“ и ,,Правилник за исплата на плати“ како и утврдување на критериуми при постапка за вработување на пожарникари, беше темата на работилницата што се одржа на 10 јули, 2018 во ЗЕЛС тренинг центарот на која учествуваа членовите на Мрежата за човечки ресурси (УЧР) при ЗЕЛС. Присутните разгледуваа вакви предлог-документи изработени од лица од УЧР од неколку општини, кои претставуваа основа за развивање на дискусијата која се одвиваше во насока како општините, кои на својата територија имаат ТПП единици, да подготват најадекватни правилници.

Се дискутираше за спроведувањето на постапката за вработување на пожарникарите, за утврдувањето на критериумите при вработувањето и оценувањето, со цел обезбедување на квалитетни кандидати, а потоа и за потребата од утврдување на континуирано надградување на знаењата и вештините на пожарникарите. Присутните посочија дека не може да се обезбеди потребна литература за образување на вакви кадри, по што се дискутираше за можностите за дообучување, но и за тоа кој треба да ги покрие финансиските трошоци за овие активности. Се говореше и за начинот на систематизација на работни места на пожарникарите ,како и за прашањето дали е неопходно да се формира посебно одделение за заштита и спасување во кое би се вброиле и ТППЕ и дали општините во таков случај би добиле согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

На крајот од работилницата присутните посочија дека се разјаснети многу нејасни прашања поврзани со правилното изготвување на овие Правилници. Дискусијата ќе придонесе за обезбедување на одредена унифицираност на општините при подготовката на правилниците, особено во делот на утврдувањето на постапки што се опфатени во оваа област, а ќе придонесе и за надминување на разликите и неусогласеностите меѓу општините при исплата на плати за вработените во ТППЕ како и во начинот на организираноста на овие единици. Присутните дискутираа во насока на потребата од изедначување на постапките за вработување на пожарникарите и начинот на нивно селектирање и избор, како и за надминување на проблемот со доставените тужбени барања од страна на пожарникарите. Исто така, беше истакнато дека општините кои се уште немаат изготвено вакви документи треба да пристапат кон нивна изработка.

На крајот од средбата беше договорено следна средба да се одржи кон крајот на втората половина на месец август, кога помала работна група од членовите на Мрежата за УЧР во соработка со претставници од Мрежата на ТППЕ при ЗЕЛС ќе подготвуваат своевидни модели на овие правилници.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.