ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Лиценцирани 10 евалуатори за спроведување на новата едиција на БФЦ ЈИЕ стандардот
12 февруари 2018
 

 

Регионалната мрежа за сертификација на општини и градови со поволно деловно опкружување (БФЦ ЈИЕ), по двегодишно спроведување на процесот на сертификацијата во земјите од Југоисточна Европа, а со цел подобрување и прилагодување на регионалниот и локален економски напредок, ја подготви и издаде третата едиција на Прирачникот за БФЦ ЈИЕ сертификација.

Регионалниот технички секретаријат, во соработка со техничките секретаријати од земјите членки на БФЦ ЈИЕ мрежата (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора), во 2017 година, организираше низа состаноци со партнерите во процесот и со сите релевантни соговорници во регионот: претставници на работни тела на БФЦ ЈИЕ мрежата, сертифицирани и во процес на сертификација општини и градови, стопанственици, проверувачи и стручњаци од областа на локалниот економски развој и стандардизација. Со цел стручната содржина и постоечките критериуми да се унапредат, по опсежни консултации и усогласувања на прибавените информации, сугестии и коментари, во 2017г. е усвоена новата едиција на БФЦ ЈИЕ стандардот – Едиција III.

Новата едиција на стандардот содржи 68 поткритериуми во рамки на 10 ревидирани критериуми во кои се опфатени конкретни измени и усогласувања на документацијата на земјите членки на БФЦ ЈИЕ мрежата во пoстапка на сертификација, а со развој на БФЦ ЈИЕ платформата (www.bfc-see.org), поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Отворениот фонд за модернизација на општински услуги (GIZ ORF MMS), овозможена е и автоматизација на целокупниот процес.

Како дел од спроведувањето на севкупниот процес за имплементација на БФЦ ЈИЕ Програмата, ЗЕЛС изврши обука и тестирање според новиот Прирачник- Едиција III, со што, како акредитирана организација на Националниот тело за БФЦ ЈИЕ сертификација за Македонија (ЗЕЛС и Сојузот на стопански комори на Македонија –ССК), се здоби со нови десет евалуатори кои ќе бидат вклучени во процесите на сертификација и ре-сертификација на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.

 

БФЦ ЈИЕ стандард за ефикасна администрација и поволна инвестициска клима

Сертификацијата на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ) е единствен програм за подобрување и усогласување на условите за бизнис, поттикнување на економската соработка и привлекување нови инвестиции во регионот на Југоисточна Европа. БФЦ ЈИЕ е печат на квалитет, препознат во меѓународни рамки како показател за ефикасна локална администрација и поволна инвестициска клима во Југоисточна Европа.

Од 2012 година, на БФЦ ЈИЕ програмата ѝ пристапија повеќе од 80 локални самоуправи од регионот, односно до 2017 година 35 се здобија со сертификат на општина/град по мерка на стопанството: Бања Лука, Бихаќ, Бјелина, Босанска Крупа, Горажде, Градачец, Јабланица, Котор Варош, Мркониќ Град, Нови Град Сараево, Посушје, Предор, Сански Мост, Тешањ, Теслиќ и Жепче од Босна и Херцеговина; Бјеловар, Црквеница, Иванец, Јастребарско и Кострена од Хрватска; Богданци, Гази Баба, Град Скопје, Струмица, Штип и Велес од Македонија; Лесковац, Нови Сад, Панчево, Пирот, Рума, Сомбор, Стара Пазова и Шабац од Србија.

 

БФЦ ЈИЕ ЕЛС со пристап до фонд на германската Влада

За БФЦ ЈИЕ сертифицирните општини е овозможен пристап и поддршка за воспоставување поквалитетна интеракција на јавниот и приватен сектор преку создавање развојни партнерства, со финансиска програма на германската Влада.

Остварувањето на иницијативата, пред сé, се однесува на користење на програмата од ЕУ земјите кои поддржуваат развојна соработка помеѓу јавниот сектор (во овој случај европска Влада) и приватен партнер, компанија која сака да инвестира или пак да го прошири/унапреди своето деловно работење. Програмата на германската Влада - DeveloPPP дава целна поддршка на приватните инвестиции и вклучување на приватниот сектор во развојни прашања на локалната заедница и поддршка на дејностите на кои припаѓаат.

На 24 јануари, 2018г., во БФЦ ЈИЕ општина Богданци, се одржа тркалезна маса, а на компаниите им е претставена можноста за соработка преку заеднички проекти со јавниот сектор, од една страна за остварување комерцијални цели на претпријатијата и, од друга страна, креирање подобар деловен амбиент во општината.

Локалната бизнис заедница се запозна со основите на програмата DeveloPPP, условите за воспоставување развојни партнерства со стопанството, можните полиња на соработка во рамки на програмата, како и со процесот на аплицирање и реализација на развојни партнерства (DPP). Преку отворен дијалог учесниците дискутираа за потенцијалните теми и партнерства кои може да бидат поддржани од страна на DeveloPPP и сличните програми со конкретна помош од БФЦ ЈИЕ мрежата.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.