Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
9 октомври 2019

 

Во август и септември, ЗЕЛС имаше интензивни активности за поддршка на општините, јакнењето на нивните административни капацитети, развивање на соработка со претседателите на општинските совети, како и во насока на лобирање за преземање на реформи за унапредување на системот за локална самоуправа.

Во таа насока беше работилницата што се одржа од 30 август до први септември 2019 година, во Маврово, каде поканетите градоначалници, општински советници, домашни и странски експерти, како и претставници од централната власт, дискутираа за можностите за реформи во процесот на децентрализацијата на власта. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, го изнесе предлог- концептот на единиците на локална власт што оди во три насоки: фискалната децентрализација; проширувањето на надлежностите на ЕЛС и промени во организацијата на локалната власт.

ЗЕЛС во септември иницираше организирање на регионални работилници на претседателите на општинските совети и тоа со претставниците од Пелагонискиот плански регион, од Вардарскиот, од Источниот и од Југоисточниот плански регион. Во следниот период ќе бидат организирани средби и во останатите региони. Советниците говореа за своите предизвици, изнесоа одредени предлози за подобрување на улогата на советите, а дискутираа и за одредени иницијативи што неодамна ги донесе Управниот одбор и Генералното собрание на ЗЕЛС.

ЗЕЛС организираше и завршна конференција на проектот ,,Поддршка на општините во промоција на одржлива урбана мобилност“ во рамките на одбележувањето на „Европската недела за урбана мобилност“. Градоначалници и овластени претставници од шесте општини: Битола, Велес, Кавадарци, Карпош, Куманово и Охрид, кои се дел од овој проект, потпишаа изјави дека ќе продолжат со имплементирањето на мерките за одржлива урбана мобилност (ПОУМ). ЗЕЛС обезбеди административна поддршка за креирање на важни документи од оваа област, со што создаде добри практики и искуства кои потоа ќе можат да се пренесат и користат од страна на другите општини.

„Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“ е насловот на новиот проект што ЗЕЛС започна да го реализира од месец август. Проектот ќе се реализира со финансиска поддршка на UN Women и ќе се спроведува до втората половина на 2021 година.

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на 18 септември, се сретнаа со претседателот на Европскиот комитет на регионите (КоР), Карл-Хајнц Ламберц, при неговата дводневна посета на нашата земја. Беше нагласена важноста од заедничката соработка на локалните и на регионалните власти на сите земји од Унијата и оние кои се стремат да бидат дел од ова семејство.

За овие и за други активности ќе може да прочитате поопширно во овој број на Гласилото на ЗЕЛС.


Гласило на ЗЕЛС - Септември 2019



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.