ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа втората седница
5 декември 2017
 

 

Управниот одбор ан ЗЕЛС на 1 декември, 2017 година, во хотелот „Изгрев“, во Струга ја одржа втората седница. Присутните го разгледаа Планот за јавни набавки на ЗЕЛС, за 2018 година и истиот го усвоија. Под точката разно претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, истакна дека на дводневниот форум на градоначалници што се одржа во истиот хотел, на 30 ноември и на 1 декември, 2017 година, локалните власти веќе изнеле голем број на предизвици со кои се соочуваат, како и предлози за нивно надминување, па стручната служба на ЗЕЛС истите ќе ги утврди и сублимира. За збор се јави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој го покрена прашањето околу наплатата на долговите на општините кои во целост не ја исполниле обврската за исплата на членарината кон ЗЕЛС. Тој побара да му биде дадена можност долгот да го отплати на 48 рати и за тоа да склучи договор со ЗЕЛС. Беше предложено стручната служба на ЗЕЛС да ги информира сите општини кои не ја исплатиле членарината кон Заедницата, за висината на нивниот долг, за да може потоа да се покренат соодветни взаемни чекори. На седницата беше посочено и потребата за што поголемо искористување на средствата од европските фондови за меѓу-гранична соработка и собирање на позитивни искуства за добри практики при организирањето на заеднички средби со општините вклучени во заедничките проекти, од соседните земји .




назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.