ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градежните инспектори од општините изнесоа низа предлози за Закон за градење, што е во фаза на подготвување
12 ноември 2018

Околу четириесетмина овластени градежни инспектори од општините дојдоа на работилницата што ја организираше ЗЕЛС, на 9 ноември, 2018 година. Присутните имаа можност да дискутираат со претставници од Државниот градежен инспекторат, при Министерството за транспорт и врски, за актуелните теми со кои се соочуваат при спроведувањето на постапките при инспекциски надзор. Исто така, тие имаа можност да искажат и забелешки и предлози за новиот Закон за градење, што е во фаза на подготвување.

На работилницата се дискутираше за имплементацијата на одредени одредби од прекршочната постапка, од постапката за административно извршување и постапка за поднесување на кривична пријава како и за други предизвици поврзани со секојдневното спроведувањето на релевантните законите. Беше посочена ситуација како да се постапи кога одредена градба, согласно Решение и донесен Заклучок од страна на овластениот градежен инспектор, ќе биде отстранета, а потоа во второстепена или судска постапка се поништува и се враќа на повторно постапување. Стана збор и за одредбата 129 од Законот за градење, каде е посочено дека овластен градежен инспектор е службено лице кое е самостојно во вршење на инспекцискиот надзор (контрола на лице место, водење управна постапка и извршување). Присутните истакнаа дека инспекциската постапка е тимска работа и поради сложеноста потребно е инспекторот како стручно лице да го изготви записникот, додека управната постапка (решенијата) треба да ја изготвува правник, како чисто правна материја, а извршувањето на решенијата да го спроведува извршна служба.

По дискусијата, градежниот инспектор од Државниот градежен инспекторат при Министерството за транспорт и врски, Костел Шекутковски, ги нотираше предлозите и забелешките на присутните и истите ќе ги предложи на разгледување на подносителите на Законот за градење. Беа изнесени следните забелешки:

-1. Градежната инспекциска постапка е тимска работа и треба да вклучува градежен инспектор, правник и извршител; 2. Роковите за извршување да бидат во интервал од 24 часа, а не во временски период од 08 -20 часот, како што е во актуелната постапка и тоа да се однесува за само еден објект; 3 -Да се дефинира конкретно што се подразбира под градежен објект и што е предмет на рушење на градежен објект, да се направи класификација, така што дел од објектите би можеле да бидат покриени и од комуналната инспекција; 4- Да се врати извршувањето на постапката за рушење кај извршители, а не кај градежните инспектори; 5 -Градежните инспектори да не бидат подносители на пријава за одземање на имот, туку тоа да биде општината. Одговорноста да биде поделена со градоначалникот, бидејќи се соочуваат со многу судски спорови; 6 -Градежните инспектори да бидат повторно централизирани, со цел поефикасно вршење на нивната работа, но и заради намалување на ризиците од секојдневни закани, навреди, омаловажувања, па и физички напади, со кои се соочуваат во своите општини; 7 -Да се стимулира работата на инспекторите и да се одреди колку инспектори се потребни според бројот на жители во општината, бидејќи сега тој број е мал, а предметите се бројни.; 8-Да се утврди до каде е изготвувањето на Правилникот за надоместок при ризик од работа кој требаше да го изработи Инспекцискиот совет.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.