Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Расчистени дилемите за правилно презентирање на утврдените промени со еднаквите можности во општините
28 февруари 2020
 

    На 27.02.2020 година во ЗЕЛС Тренинг Центарот во Скопје, по иницијатива на ЗЕЛС се одржа работилница на која учествуваа координаторите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините со државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и претставничка од Секторот за еднакви можности од оваа институција, а присуствуваше и претставник од подржувачите на овие активности од Телото на UN Women во Скопје. Претставничката од ЗЕЛС ги охрабри присутните координатори за еднакви можности да ги претстават предизвиците и дилемите со кои се соочуваат при исполнување на оваа обврска од Законот за еднакви можности на жените и мажите за правилно пополнување на Извештајот што како форма е даден од МТСП и каде треба навремено да се известува за напредокот за родовата еднаквост во општините. При тоа беше истакнато дека на овој начин треба да се надминат пречките со кои се соочуваат координаторите во општините при спроведувањето на активностите за родова еднаквост во општините, а особено при известувањето за напредокот и промените во оваа област на локално ниво. Исто така беше потенцирано дека има општини кои имаат изработено и доставено добри извештаи, а по оваа средба се очекува тој број да се зголеми. 
    Претставниците од Секторот за еднакви можности при МТСП, односно државниот секретар Тренчевска детално се осврна на сите елементи кои ги содржи формуларот за пополнување на извештајот, особено на делот за расчистување на дилемите за основни, позитивни и охрабрувачки мерки, а кои пак се програмски. Основните мерки се однесуваат на процедури, упатства, со кои се придонесува до систематско вклучување на родовата еднаквост во основните документи за работа на општината. По размената на искуства и мислења со координаторите беше заклучено дека многу малку во општините донесуваат основни мерки, додека повеќето се однесуваат на позитивни и охрабрувачки мерки. Се согласија дека најважно е тие да знаат да ги идентификуваат мерките, односно претходно да ги донесат, и истите да ги наведат во формуларот за известување, а понатаму од Секторот за еднакви можности ќе ги класифицираат по категории( основни, позитивни, охрабрувачки). На средбата беше истакнат и проблемот со прибирање на податоци и документи со кои би се анализирале и препознале активности кои се однесуваат на родовата еднаквост во самата општина, при што беше истакнато дека координаторите треба да ги користат сите механизми кои им се на располагање за подигнување на свеста кај колегите за ова прашање за понатаму да ја имаат нивната поддршка за развивање на активности од оваа област, од која бенефит ќе имаат граѓаните.И на оваа средба се истакна потребата од систематизирање на работно место за еднакви можности како посебно место во актот за систематизација на што им беше одговорено од страна на државниот секретар дека ова е планирано со измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, за што е веќе и формирана работна група. Во однос на измените, координатите ќе бидат консултирани и опфатени со јавните дебати кои се планирани да бидат организирани за оваа потреба. 
    На средбата имаше можност и да се претстават добри пракси од општините, каде најголем интерес побуди механизмот на општина Свети Николе за собирање и обработка на родово разделни податоци по институции кои се на располагање на сите вработени во општините, но и на институциите на територија на општината. Координаторката за еднакви можности се обврза примерот со сите документи и информации да ги достави до ЗЕЛС за понатамошна дистрибуција до сите координатори. 
    На крај беше заклучено дека е потребно сензибилизирање за важноста на родовата еднаквост и родовите прашања, како и за улогата на координаторот за еднакви можности во рамките на самата општина, како и кај избраните функционери за координирано и поефикасно планирање и спроведување на активности од оваа област. Понатаму, обука за развивање на индикатори за активности од оваа област, за следење и известување по однос на промените по индикаторите. Третиот заклучок се однесуваше на важноста од вклучување на координаторот во активностите при развивање на општинските стратешки и акциски документи со цел навремено и правилно вклучување на родовата димензија во истите. Комисиите за еднакви можности во општините да покажат поголема сериозност и ефикасност во состанувањето, но и функционирањето беше четвртиот заклучок, а како последен беше нотирано потребата од дата база на родово разделни податоци и нивна анализа за понатамошно користење при изработка на активности и документи.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.