Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините бараат флексибилност во изборот на моделот за одвивање на наставата во училиштата во услови на пандемија во земјата
12 август 2020
 

Комисијата за образование при ЗЕЛС на 11 август, 2020 година, ја одржа третата седница на која беа разгледани нацрт-протоколите за одвивање на процесот на наставата во училиштата во услови на пандемија со вирусот COVID – 19, што се подготвени од Министерството за образование и наука ( МОН) во соработка со Комисијата за заразни болести. Членовите на Комисијата за образование при ЗЕЛС донесоа одредени заклучоци кои се доставени до МОН и до Владата на РСМ, во кои се инкорпорирани и пристигнатите ставови од единиците на локалната власт што одговорија на дописот со предлог- протоколите, што им го испрати ЗЕЛС .

На почетокот на седницата беше искажано незадоволство кон Министерството за образование и наука, заради не вклучувањето на претставници од единиците на локалната самоуправа, односно на ЗЕЛС во целиот процес на креирање на предлог- протоколите. Особено ако се има предвид дека нивната имплементација треба да ја вршат училиштата кои се во надлежност на општините, а кои во изминатите месеци ,,стекнаа“ одредени искуства од спроведувањето на наставата во услови на пандемија што можат да ги пренесат при креирањето на новите мерки.

Членовите на Комисијата ја нагласија комплексноста на целиот процес на изнаоѓање на најсоодветен начин за поквалитетно спроведување на наставниот процес од една страна и безбедно одвивање на наставата од здравствен аспект, односно преземање на сите превентивни мерки за миниминизирање на опасностите за зараза на учениците и наставниците. Комплексноста е резултат на специфичностите што ги имаат различни општини како и различни подрачја во самата општина, тргнувајќи од степенот на заразеност на населението од вирусот,а потоа и од специфичностите од техничка и од кадровска природа во самите училишта. Беше истакнато дека во поголемиот број на помали- рурални средини, бројот на заболени е многу мал или воопшто го нема и бројот на ученици во паралелка е помал, па изведувањето на наставата според првиот модел (со физичко присуство на учениците) е реално решение. Од друга страна има училишта со голем број на ученици, каде и во претходниот период (пред пандемијата) децата учеа во две, па и во три смени, што значи дека не ќе може да се обезбеди спроведување на протоколите за потребна дистанца, мерење температура, соодветна дезинфекција и слично и според тоа одвивањето на наставата би било поефикасно според вториот или третиот модел.

Се отвори и прашањето за почитување на протоколите при превоз на учениците, особено за средношколците кои доаѓаат од другите општини или од руралните делови на општината. Во тој случај, општината ќе ги дуплира трошоците за обезбедување на превоз, а беше посочен и предизвикот со времетраењето на процедурите за јавни набавки (промена на планот за јавна набавка како и самата постапка за јавна набавка), соочувањето со недостаток на превозници, автобуси и слично. Слични предизвици, општините ќе имаат и при спроведувањето на јавните набавки на други потребни средства како што се хигиенски и заштитни средства.

Искуствата од досегашната настава во услови на пандемија покажаа недостатоци и од онлајн наставата, кога поголем број деца немаа можност да следат наставниот процес поради неможност на нивните семејства да набават компјутер, еден компјутер за цело семејство со повеќе деца, наставници кои немаат доволно компјутерски вештини, потоа слаби интернет конекции и слично.

Во таа насока Комисијата ги донесе следните ставови кои беа упатени до Министерството за образование и наука и до Владата на Република Северна Македонија:

1. БЛОК ДОТАЦИЈАТА за образование утврдена на почетокот на учебната 2019 /2020 година (не најновата, која е скратена) ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА НАЈМАЛКУ 30% . На овој начин општините не би трпеле поголеми финансиски задолжувања, како резултат на имплементирање на пропишаните протоколи за : обезбедување на соодветно растојание во училница; протоколи за транспорт на ученици, за обезбедување на средства за дезинфекција и друг потрошен материјал за одржување на хигиената ; топломери; маски; обезбедување на замена на наставниот кадар и слично.

2. Од страна на МОН да се понудат повеќе модели со јасно прецизирани можности за прилагодување ( подмодели) за да се овозможи ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО ИЗБОРОТ на моделот што ќе го користи секое училиште ВО ДОГОВОР СО ОПШТИНАТА, а што ќе биде утврден во согласност со спецификите што ги има училиштето (тргнувајќи од степенот на зараза на тоа подрачје, број на ученици во паралелка, просторни услови, транспорт на ученици, интернет конекции, социјален статус на учениците, расположлив број на наставен кадар поради користење на владините мерки или евентуална зараза и слично.

3. МОН да утврди и предложи олеснети процедури во услови на потреба за итно и неодложно ангажирање на наставен кадар. При тоа да се стави акцент и на предметите за кои и онака наставниот кадар е дефицитарен. Ова е од причина што при итно и неодложно ангажирање, наставникот после 3 месеци не може повторно да се ангажира. Исто така, општината и за новоангажираниот и за ,, болниот,, наставник црпи средства од ист извор. Предизвици има и во самиот процес на ангажирање на ваков итен кадар. Затоа е потребно ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ и ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКА ОСНОВА за нивно спроведување.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.