ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Продолжува континуираната и перманентна соработка на општините и надлежните институции во справување со состојбите предизвикани од интензивните дождови и топењето на снегот
23 февруари 2010
  На 23 февруари ,ЗЕЛС одржа прес- конференција, по повод актуелните состојби со водениот потенцијал во земјава и опасностите од поплави, лизгање на теренот и одронувања на карпите на патиштата, предизвикани од дождовите и интензивното топењето на снежната покривка. Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски истакна дека општините се активно вклучени во активностите за спречување од настанување на поголеми елементарни непогоди, во рамките на своите расположливи човечки капацитети и механизација. Тој потенцира дека токму благодарение на започнататите активности во минатата година за расчистување на одводните канали и коритата на реките, засега на теренот нема некои поголеми неповолности и поплавување на куќите на месното население Беше потенцирано дека општините продолжуваат со овие активности на расчистување, но и на оддржување на каналите, а исто така укажа дека се поголем број општини во своите финасиски планови одвојуваат средства за оваа намена . Беа посочени и одредени примери каде општините се активно вклучени, како што е општина Струга, која со волонтери и своја механизација, во Радожда учествуваше во расчистување на локален пат од одрони и пренасочување на водата од одредени потоци и сливови. Слични активности има и во општините Василево и Босилово кои со пет багери на терен и го расчистуваат коритото на реката Турија во должина од 15 км и поставуваат насипи покрај истата.

Трајановски ја истакна и континуираната и перманентна соработка и комуникација на ЗЕЛС со ЦУК – Ценатрот за управување со кризи и со Дирекцијата за заштита и спасување. Нагласи дека иминатите денови, градоначалниците учествуваат на координативните состаноци на телата и комисиите формирани во согласност со Националната Платформа за управување со кризи. Таква е и Платформата за ризици во домен на инфраструктура во чии рамки е справување со поплавите а со која раководи Министерството за транспорт и врски на Р.М.,а ЗЕЛС има свои претставници. Соглансо насоките и усогласувањето на активностите кои произлегуваат од самата Национална платформа, општините постапуваат во рамките на своите надлежности утврдени со членовите 34 и 35 од Законот за заштита и спасување, а сето тоа во рамките на расположливите средства и технички капацитети. Всушност , во овие членови се опфатени и надлежностите на Општината за расчистување на локални патишта, улиците и други инфраструктурни објекти во случај на непроодност предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето итн. Исто така во Законот е утврдена обврска Републичките сили за заштита и спасување да реагираат на повик на опшштините кои не можат самостојно да се справат со состојбите резултата на непогодата.

Беше најавено дека за утре е закажан повторно состанок на Координативното тело при Министерството за транспорт и врски на кој ќе присуствуваат голем број градоначалници, особено од кризните подрачја. На крајот Трајановски уште едднаш потенцира дека само со заедничка соработка на локалните и централните институции можно е справување со непогоди кои се резултата и на глобалните климатски промени



назад


Преземени вести
Претседателот Иванов во Брисел на средби со Баросо и Филе
(09.09.2010)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година мора да поминат 30 дена практична работа во приватна компанија или јавна институција.
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.
 
Шест луѓе загинаа во шумските пожари во Казахстан
(09.09.2010)
Во шумските пожари што го зафатија северниот дел на Казахсатн загинаа шест луѓе. Огнот се прошири и во соседна Русија.
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum).
 
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
(09.09.2010)
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
 
Централна прослава на Рамазан Бајрам во Кади чешма џамија во Мала Речица
(09.09.2010)
 
Честитка од Стејт департментот за Денот на независноста на Македонија
(09.09.2010)
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
 
МВР Билтен
(09.09.2010)
 
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
(09.09.2010)
 
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
(09.09.2010)
 
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
„Гардијан“: Србија сепак попушти пред притисокот на ЕУ и на САД за резолуцијата за косовската независност
(09.09.2010)
 
Продолжува штрајкот на вработените во грчката железница и градскиот транспорт
(09.09.2010)
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
 
Реџепи: Очекуваме дијалог меѓу две независни држави
(09.09.2010)
 
Судот во Белград одби Ратко Младиќ да го прогласи за мртов
(09.09.2010)
 
До Генералното Собрание на ОН поднесена редефинираната српска резолуција за Косово
(09.09.2010)
 
Генерал Билер: Северот на Косово и понатаму останува најголемиот предизвик за КФОР
(09.09.2010)
 
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
(09.09.2010)
 
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
(09.09.2010)
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
 
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
(09.09.2010)
 
Силен земјотрес регистриран во Чиле
(09.09.2010)
 
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.