Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините одржа седница во просториите на ЗЕЛС
19 ноември 2019
 

 

Во просториите на ЗЕЛС на 18 ноември, 2019 година се одржа триесет и петтата седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање. На дневен ред беше ставено разгледувањето на Предлог – Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за деца - детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2020 година, како и Предлог – Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за социјална заштита - домови за стари лица за 2020 година.

Претставниците од локалната власт, членови на оваа Комисија, на самиот почеток на дискусијата укажаа дека не е добро што толку доцна се изнесуваат овие два предлог -документи пред Комисијата, со што се потценува нејзината улога. Улогата на Комисијата дополнително се девалвира и поради фактот што тие веќе биле претставени и поминале во владина процедура и треба да одат на расправа во Собрание. Беше посочено дека ставовите од денешната дискусија може да се инкорпорираат во следните постапки за усвојување на овие два документа, но дека во иднина ваквото однесување да смее да прерасне во пракса.

Претставникот од Министерството за труд и социјална политика образложи дека долго време се работело на ревидирањето на постојната формула за распределба на средствата, во насока на обезбедување на потранспарентна и поправична распределба на блок дотациите на општините за градинките и центрите за ран детски развој. Беше посочено дека е утврдена нова поедноставна формула, во која се зема фактичкиот и проектираниот капацитет на градинките, односно утврдениот просечен број на децата на кој се додава трошокот по дете, а онаму каде во градинките има и центри за ран детски развој (за деца од 3-6 години,без спиење и храна) се додаваат средства утврдени само врз основа на проектираниот капацитет. Сето тоа, пак е во согласност со обезбедените средства во Буџетот за 2020 за оваа намена, при што се предвидува сумата по општина да не смее да е помала од 350.000,00 денари. Беше изнесено дека висината на средствата за детски градинки, во Буџетот за 2020 година е за 53% поголема од 2017 година, а тука влегуваат и зголемувањето на платите на вработените, како и сите новоприфатени вработувања, што во претходниот период ги плаќала локалната власт. Беше констатирано дека не може да се направи идеална формула но, дека и натаму ќе се работи на нејзино усовршување со цел никој да не биде оштетен а, при тоа да се обезбеди децата да добиваат квалитетна услуга.




Беше посочено дека оваа формула ќе подлежи на преиспитување и подобрување и дека во следниот период МТСП нарачува ревизија на целиот систем на финансирање на градинките, каде ќе биде разгледан и делот на самофинансирањето, што сега изнесува 1.500,00 денари по дете. Кај присутните преовладуваше и ставот да се обезбеди една општа формула преку која ќе се врши распределбата на сите средства заедно од областа на детски градинки, образование, култура..., кои во една целина ќе им се префрлаат на општините. Тие потоа самостојно ќе можат да управуваат со овие средства, а сето тоа ќе придонесе и за натамошно развивање на процесот на децентрализација во земјава.

Присутните претставници од локалната власт изнесоа позитивни ставови во однос на поголемото раздвижување на капиталните инвестиции што ги прави МТСП, со проширување на постојните капацитетите на градинките или изградба на нови градинки, како и поддршката што им ја дава на општините при подготовката на новите проекти. Беше посочено дека општините добиле многу нови согласности за вработувања на кадар во градинките, и тоа како за претходно ангажираните лица,но и дополнителни - нови вработувања.



Присутните со мнозинство на гласови ја поддржаа оваа Предлог –Уредба за распределбата на блок дотациите за градинките за методологија, а позитивно се произнесоа и за Предлог –уредбата за методологија за старските домови, која нема никакви измени во однос на претходната и се однесува на четирите установи распоредени во општините: Битола, Берово, Куманово и Прилеп.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.